Во што е разликата - каква мајка била Дијана, а каква е Кејт Мидлтон?

Начинот на комуникација со децата и говорот на нивното тело открива многу за нивниот родителски стил.
Пишува: Црнобело


На свет неодамна пристигна и третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, па експертите за говор на тело беа инспирирани да направат споредба помеѓу Кејт и принцезата Дијана.

Нема сомневање Дијана обожаваше да биде мајка, и тоа и беше поважна улога од улогата на принцеза. На Вилијам и на Хари сè уште многу им недостига.



Што кажува говорот на телото на двете прекрасни дами за начинот на воспитување на нивните деца?

Експертите за говор на тело откриваат дека Дијана и Кејт имаат многу сличности - и двете се комплетно посветени на децата, дури и тогаш кога се случува хаос околу нив.



Блискоста на Дијана со децата се гледа и по фотографиите на кои дури и кога оди таа ја држи раката на грбот од своите деца. На овој начин тие се чувствуваат безбедни.

Ова е особено важен потег особено во стресни ситуации, како кога сите камери се насочени кон нив.



И Дијана имала, а и Кејт има навика да се симне на исто ниво со нејзините деца. На овој начин тие им порачуваат на нивните малечки дека се еднакви, тврдат експертите.



Инаку, Кејт, заедно со Вилијам нормално, има поопуштен родителски стил од Дијана, барем така изгледа.

Гестовите на Дијана за време на јавните појавувања со децата покажуваат еден построг и потензичен однос. Таа била мајка која постојано набљудувала дали децата се однесуваат добро и се чувствуваат добро.



За разлика од неа, Кејт е свесна дека самото нејзино присуство прави нејзините деца да се чувствуваат безбедно и релаксирано.



Дијана повеќе внимавала на потезите на своите деца, додека Кејт е поопуштена и дури и да паднат само ќе ги подигне и исчисти.

Во секој случај, двете се пример за прекрасни мајки.

No comments

Powered by Blogger.