Кејт Мидлтон и Меган Маркл пред и по влегувањето во кралското семејство, низ фотки

Кејт Мидлтон и Меган Маркл беа обични девојки кои нормално живееја пред да се венчаат со принцовите на британското кралско семејство.

Пишува: Црнобело


Сега, кога тие се војвотки, нивните животи се целосно променети – следат кралски протоколи, имаат пристап до огромно богатство и привилегии, живеат под медиумски притисок и нивниот слободен живот од минатото никогаш нема да се врати.

Двете се многу променети, а фотките од порано и сега се доказ за нивните трансформации.

Погледнете ги Кејт и Меган пред и по влегувањето во кралското семејство:
Меган порано купувала ситници и украси од мали продавници, а денес нејзиното лице е на нив



Кејт дипломирала историја на уметност, а сега е дел од таа историја со нејзини портрети во Националната Галерија


Меган уживала во коктел без да размислува многу, а денес наздравува со скапо вино


Порано Кејт возела сама, а денес има возачи каде и да оди



Во минатото Маркл била уловена во ентузијастички прегратки, а денес само се ракува и мавта со раката според протоколот



Како сите обични луѓе, Кејт сама си ги носела торбите, а денес има асистенти задолжени за тоа



Меган седела со прекрстени нозе на сите настани, а денес седи како дама според кралските правила



Порано Кејт присуствувала на забави на црвен тепих како гостин, а денес е почесен гостин на хуманитарни гали



Како актерка, Меган била научена да дели автограми, а денес тоа ѝ е забрането, но знае да го прекрши правилото



Порано Кејт носела облека со животински принт, кој денес е унапреден во посоодветна верзија



Во минатото Меган ги лакирала ноктите со различни бои, а денес ѝ е дозволена само природна боја



Во младоста Кејт носела каубојски шешири, а денес тие се заменети со елегантни и декоративни фасцинатори



Пред принцот Хари Меган беше актерка, а денес новата работа и долножст ѝ е војвотка од Сасекс

No comments

Powered by Blogger.