Бикот сака луксуз, Лавот да биде центарот на вниманието - најдеструктивните нешта кај секој од знаците

Секој од хороскопските знаци си има своја зависност. Која е зависноста или порокот кој предизвикува да ја изгубите контролата над себеси? Кога зборуваме за пороци, најчесто помислуваме на дрога, алкохол, прејадување, итн.
Пишува: Црнобело  


Сепак, овие не се единствените работи на кои може да се „навлечеме“.

Секоја супстанција или активност која ни предизвикува задоволство и го стимулира производството на допамин во мозокот кој е индикатор за среќа може да претставува избор на зависност.

Согласно пороците и зависностите, која е најопасната и најдеструктивната работа која ја прави секој од знаците во Зодијакот?

Овен - Зависници од адреналин

Радо би го ставиле својот живот (а понекогаш и животите на тие околу нив) во опасност, отколку да седат мирно и да се досадуваат.

Нивната потрага по нови задоволства понекогаш може да ги однесе до експериментирање со дрога, но дури и без ова радикално однесување, Овните не успеваат да го исконтролираат својот страстен темперамент и инхибиции, што неретко им носи проблеми со законот.
Бик – Жед по луксуз и изобилство

Хедонистичките Бикови се подложни на претерано јадење и пиење кога имаат отворен пристап до квалитетна кујна.

Бикот е воедно мошне свесен за вредноста на парите. Доволно ги заработуваат, но тоа не значи дека се сосема задоволни, т.е. не може лесно да го одговорат прашањето колку пари им се потребни во животот.

Имаат желба да бидат опкружени со најдобрите работи во животот, па вечниот шопинг може на крајот да ги уништи нивните заштеди.
Близнаци – Ненаситна желба за комуникација

На Близнаците им е потребно да се добро поврзани, постојано да комуницираат со луѓе. Ретко кој од нив умее да поднесе да биде сам. Нивниот остар, брз ум постојано бара нови извори на стимулација.

Најлесно им е да станат зависници од Интернет, особено од социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Тие едноставно не може да ги одлепат очите и рацете од телефонот.
Рак – Очајна потреба да се припаѓа некому

Раковите се симбол на мајчинство и семејство. Ја ценат својата приватност и ретко се отвораат пред многу луѓе. Но кога конечно некој ќе ја придобие нивната доверба, тие имаат тенденција да го раскажат својот живот од А до Ш и да очекуваат некоја специјален третман.

Имаат очајна потреба да припаѓаат некому и некој да им припаѓа ним со целото свое срце и душа, а кога ова не се реализира според плановите, запаѓаат во очај.
Лав – Потреба за внимание и комплименти

Сите знаеме за горделивоста на Лавот и неговата потреба секогаш да биде во центарот на вниманието. Понекогаш, желбата за внимание им е толку силна, што се во состојба да направат што било само да го добијат посакуваното.

Нивната самодеструктивна природа најмногу се открива во моментите кога трошат многу пари на сјајни предмети, модерни алишта и модни додатоци, автомобили и други предмети за кои сметаат дека им носат повисок статус и углед.
Девица – Сакаат да помогнат по секоја цена

Девиците се талентираните организатори, во нивниот свет сè си има свое точно место. Кога нештата излегуваат надвор од контрола, Девицата запаѓа го еден маѓепсан круг кој се повторува, каде што само се планираат и преместуваат работи, без некој позначаен напредок.

Нивната вродена природа да помогнат секому најчесто им предизвикува проблеми. Би останале во лоша врска или неквалитетно пријателство, само по цена да помогнат или да сменат некого на подобро.

Вага – Зависни од љубов

Колку и да изгледа нереално, Вагите како знак се најмногу зависни од љубов. Но тоа воопшто не е слатко, ниту пак романтично.

Од петни жили се трудат секогаш да ги балансираат работите, па најчесто сакаат да им удоволуваат на луѓето, дури и кога не го заслужуваат тоа.

Лесно може да се изгубат во лоши љубовни врски, само поради потребата да бидат сакани од секого.
Скорпија – опседнати со сексуални фантазии

Главната зависност кај Скорпиите која ги носи до моментот самоуништување се сексот и порно филмовите. Овој знак се поврзува со страста и сексуалноста, па лесно ја губат контролата кога се работи за нивните најомилени теми.

Во состојба се да не одат на работа, да испуштат важни настани и состаноци, само доколку сексот е навистина одличен.
Стрелец – Не знаат за умереност

Стрелците се генерално најголемите зависници од сите 12 знаци во Зодијакот.

Управувани од џиновскиот Јупитер кој владее со изобилство и претерување, на Стрелците им е навистина тешко да направат нешто со доза на умереност.

Алкохолот, лековите и коцкањето се највообичаените искушенија за Стрелците кои доколку им се предадат на зависностите многу тешко се враќаат назад од „зајачката“ дупка.
Јарец – Зависни од работата

Познати по својата практичност и самодисциплина, Јарците особено ја ценат нивната репутација. Овој знак едноставно не дозволува да биде контролиран од навики или пак некоја зависност.

Сите кои се борат со одредени зависници и самите себеси со носат до амбисот на самоуништување, јарците ги дочекуваат со чудење и вртење очи, како и помислата „Ова никогаш нема да бидам јас“.

Ако веќе мора да се издвои нешто, Јарецот е зависник од продуктивноста, целосно посветен на постигнувањето на зацртаните цели, па најчесто стануваат типични зависници од работата.
Водолија – Луди по современата технологија

Тие веќе го поминале експериментирањето со дрога, алкохол и секс, па најчесто се во потрага по други извори на задоволство.

И покрај нивниот чуден карактер, Водолиите имаат изострено чувство за самоконтрола. Но, едно нешто на коешто Водолија не може да му одолее се новите идеи, особено најсовремената технологија.

Водолија е склона да потроши многу време и пари на најновите апарати и игри, а потоа да го игнорира остатокот од светот со денови додека си игра со своите играчки.
Риби – Исклучување на емоциите

Рибите се поврзуваат со останатите луѓе исклучиво преку чувствата.

Имаат вродена, природна емпатија, па најчесто ги препознаваат емотивните сигнали од луѓето околу нив, и навистина им е тешко да го исклучат ова копче за грижа кон другите.

Кога сето тоа станува премногу за нив и ќе ја прелее чашката, Риби ќе посегнат по алкохол, дрога, ТВ, - што и да имаат при рака, само да ги исклучат сопствените емоции.

No comments

Powered by Blogger.