Лекција од љубовната приказна на Меган Маркл: Разведена е и нема кралска крв - а во неа се вљуби принц!

Пишува: Црнобело

Таа има 37 години. Постара е од него. Разведена е. Не е припадник на кралско или аристократско семејство. Не е девица.



Беше актерка и има бакнато други мажи. Не готвела во 2 часот наутро. Нејзиниот „материјал за да биде сопруга“ не доаѓал до израз.

Свештеникот не ѝ кажа да се потчини и да му се обраќа со господару, кралу.

Нејзиниот свекор ја испрати до олтарот.

Ништо од неа не се вклопува во стандардот за „невеста од кралско семејство.“

Сепак, се омажи за принц, како нејзин ЕДНАКОВ ПАРТНЕР. Не за да биде нечиј роб.

Ги сруши бариерите. Среќна е.

Нејзиниот принц никогаш не бил оженет. Не е разведен како неа. Сепак, се вљубил во неа.

Таа не му перела облека или готвела специјалитети за него.

И покрај тоа, принцот се заљуби и се ожени со неа.

Жени, знајте колку вредите.

Тоа што ќе направите да бидете „помалку“ од мажот, нема да ви донесе сопруг. Ќе ви донесе робување.

Омажете се за вашиот еднаков партнер.

Не дозволувајте никој да ве натера да се чувствувате лошо затоа што сте самохрана мајка.

Напуштете го насилниот брак и сопруг. Повторно ќе имате шанса да се омажите.

Прво, сакајте се себеси. Никој друг нема да го направи тоа наместо вас.

Третирајте се правилно, за и другите да ве третираат исто.


No comments

Powered by Blogger.