Љубовен хороскоп за август: Лавовите ќе се сретнат со бивша љубов, Рибите ќе имаат повеќе опции


Пишува: Црнобело

Каква ќе биде љубовната ситуација во месец август? Кој ќе остане имун на љубовните шанси кои му се нудат, а кој ќе го искористи осмиот месец во годината за незаборавни љубовни авантури?

Проверете што велат астролозите:

Овен

Ако сте во врска:

Размислете зошто партнерот е повлечен и зошто делува напнато. Ќе се сетите дека сте ветиле нешто што не сте го исполниле. За среќа, ова е месецот во кој страстите ќе се зголемуваат, па ако се потрудите да поминете повеќе време заедно, во интимна атмосфера, секој проблем ќе стане минимален. Најмногу несогласувања ќе имате заради постигнувањето на заедничките цели. Двајцата ќе бидете тврдоглави, но компромисот е единственото решение. Вашата комуникација ќе биде динамична во текот на целиот месец.

Ако сте сами:

На почетокот на месецот ќе се одлучите да одржите лекција на личност која кон вас се однесува вообразено и ве гледа „од високо.“ Кога ќе ја спуштите на земја, ќе се појават симпатии и ќе бидете подготвени за авантура. Потребата да се докажете и натпреварувачкиот дух ќе ви донесат незаборавни страствени моменти. Иако нема да бидете подготвени за врска, во овој месец и нестабилноста ви одговара.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе наидете на несогласувања и неочекувани конфликти на почетокот на август. Конфликтот ќе биде интензивен, но краткотраен. Потребна ќе ви биде голема толеранција и разбирање за тоа како работите изгледаат од гледиштето на партнерот. Кон средината на август можно е заедничко патување. Не го одложувајте од неиздржани причини. Потребна ви е поголема динамика во секојдневието со партнерот.

Ако сте сами:

Обидите за да ја освоите личноста која долго време ви се допаѓа, овој август ќе завршат неуспешно, па може да приредите мал, но драматичен скандал. Може да откриете дека личноста која ви се допаѓа, има тајна врска. Ќе се доведете во непријатна ситуација, по која не смее да се повлечете во себе. Втората половина на август вложете се во состаноци на невидено. Развивајте симпатии кон нови личности.

Близнаци

Ако сте во врска:

Првата декада на месецот ќе ви донесе кратки несогласувања околу заедничките финансии. Нема да можете да се сложите ниту во врска со патувањата и забавите. Во втората декада ќе успеете да ги решите овие проблеми и да постигнете договор кој ќе биде задоволувачки за двете страни. Важно е да сакате да најдете заеднички интереси. Крајот на август ќе ви донесе појачани страсти, кои може да доведат до несакана љубоморна сцена. Обрнете повеќе внимание на саканата личност и трудете се да ја подобрите комуникацијата.

Ако сте сами:

Август ќе ви донесе нови познанства и повеќе забава. Една личност која ќе ја запознаете сосема случајно ќе ви го привлече вниманието со отвореноста на разни теми и ќе најдете заеднички јазик на тема авантура. Ќе се зближите брзо, иако ќе се двоумите дали сакате да влезете во врска. Обидете се да развиете емотивна поврзаност, не само физичка.

Рак

Ако сте во врска:

Во првата половина од август ќе чувствувате појачано незадоволство во односот со партнерот, што треба да ве наведе да разговарате и да побарате заедничко решение, наместо да молчите. На прво место ставете ги работите и активностите кои долго време ги имате игнорирано, одложувано, запоставувано. Втората половина ќе биде во знакот на разбирањето, па лесно може да ја планирате иднината. Не се плашете од заеднички планови, тоа ќе внесе нова топлина и интима во односот.

Ако сте сами:

Ќе бидете незадоволни од квалитетот на емотивниот живот на почетокот од месецот. Излегувањата нема да ве привлекуваат како порано и работите ќе ви станат монотони. Избегнувајте да градите површни односи со спротивниот пол. Во последните денови од август ќе запознаете нова личност која ќе биде малку повлечена, па ќе ви треба многу трпение за да воспоставите конекција. Мирните излегувања со таа личност може да доведат до сјајна љубовна иднина.

Лав

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот очекувајте мали кавги и конфликти, кои претежно ќе настанат заради непопустливоста на партнерот. Не смее да ги мешате останатите членови од семејството во вашите конфликти, бидејќи тоа ќе биде дотурање масло на огнот. Потребно е да имате многу добра волја и трпение за да го поднесете незадоволството кое ќе го чувствувате. Разговарајте, големи се шансите партнерот да е загрижен дека го запоставувате.

Ако сте сами:

На почетокот од август ќе бидете хаотични и лесно ќе го менувате мислењето, но и одлуките. Прво ќе ве привлече некој комплетно различен од вас, за потоа да откриете дека не ви одговара. Во втората декада од месецот лесно ќе се впуштите во неочекувана авантура. Ќе ги истражите можностите за сериозна врска, па ќе почнете често да излегувате заедно. Можно е да се пресретнете со бивша љубов, што може да ве вознемири, посебно вие сте биле оставени.

Девица

Ако сте во врска:

Месецот ќе ви почне со кавга поради некој детаљ кој сте му го премолчеле на партнерот. ако имате тајни, тоа може да внесе напнатост која ќе трае до втората половина на август. Ќе мора да се докажете за да ја вратите довербата и хармонијата. Втората половина од август искористете ја за заеднички активности. Предложете заедничко патување кое ќе биде добро за вашата интимност. Избегнувајте забави и гужви.

Ако сте сами:

Првата декада може да ви донесе разочарување од личноста кон која имате симпатии. Не се согласувајте на емотивно нестабилни односи со затворени личности кои чувствувате дека немаат потреба од вас. Откажете се од обидите да почнете врска и истражете повеќе опции. Бидете отворени кога сте на состанок во четири очи. Во допишувањата бидете воздржани, ако не сакате да доживеете непријатности.

Вага

Ако сте во врска:

Август ќе ви започне со неможноста да ги усогласите распоредите со партнерот, како и желбите за забава и заедничко поминато време. Партнерот ќе има впечаток дека ги задоволува само вашите желби, а вие не се грижите доволно за неговите потреби. Време е да се докажете дека ви е важно да е среќен/на. На критиките одговорете со убав збор, наместо со кавга. Решенијата ќе ги најдете дури кон крајот на месецот, кога треба да ги подигнете нивото на близина и интимност. Сепак, не го запоставувајте семејството заради партнерот.

Ако сте сами:

Незадоволството кое трае долго време при изборот на потенцијален партнер ќе ве натера сами да заминете на некоја авантура далеку од дома. Среќата ќе ја побарате во новите познанства и странци. Вашата одлука ќе се покаже како мудра, бидејќи ќе запознаете човек со кој нема да го зборувате истиот јазик, но страстите ќе се поклопат. Набрзо ќе се врати и личноста која неодамна сте ја одбиле, па може да бидете во недоумица на кого да дадете шанса. Одлучете со срцето.

Скорпија

Ако сте во врска:

Вашата зафатеност со обврски и честото избегнување на љубовните и семејни активности ќе ви донесат негативни последици. Ќе се оддалечите од партнерот бидејќи нема да најдете време за да ги решите проблемите. Неопходен ви е поинаков пристап. Работите ќе се чинат полесни во втората половина на август и тогаш е право време да ги решите сите проблеми. потпрете се на искреноста и внесете повеќе забава во секојдневието. Изненадете го партнерот со убав гест.

Ако сте сами:

Околу вас има многу потенцијални љубовни шанси, меѓутоа не ви се допаѓа што немаат мера и манири, па може да приредите непријатна реакција. Избувливите реакции може да ви нарушат контакти кои долго време се обидувате да ги сочувате. Преземете ги работите во свои раце и направете го првиот чекор. Бидете упорни, но внимателни. Ќе се уверите дека на светот постојат културни луѓе со кои можете да градите стабилна врска, затоа не се откажувајте.

Стрелец

Ако сте во врска:

На почетокот на август ќе имате шанса да ги обновите работите кои сте ги запоставиле во односот со саканата личност и заради кои сте се оддалечиле. Ќе го зголемите времето поминато заедно и ќе разговарате за теми кои никогаш претходно не ви паднале на памет. Во втората половина ќе имате зголемена желба за заеднички планови и не треба да се плашите да го направите првиот чекор. Повеќе движете се и патувајте заедно. Стабилноста доаѓа сама по себе во последните неколку денови од месецот.

Ако сте сами:

Во првата декада ќе ви се пружи шанса за нов почеток со личност која одамна ви била симпатија. Ако патувате, ќе запознаете некој со кој ќе почнете авантура, но ништо емоционално, туку само физички. Ако продолжите да се гледате можно е да се развијат емоции, па може да бидете ставени пред сериозен избор меѓу две личности. Не планирајте премногу, бидејќи овој месец емоциите ви се непредвидливи.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата половина на месецот е погодна за финансиско планирање во пар, без разлика дали се работи за реновирање на домот или далечно патување. Со партнерот лесно ќе се договарате околу она што ви е важно. Во втората половина од август ќе имате повеќе време за уживање без никакви обврски. Ви одговараат практични заеднички активности кои ќе ве зближат дополнително. Повеќе вклучете ги заедничките пријатели со кои може да имате незаборавни моменти.

Ако сте сами:

Долго време ви се допаѓа личност која е комуникативна и емотивна, а во нејзино присуство секогаш сте свои. Искористете ја секоја шанса за заеднички активности, само така ќе оцените на што е подготвена другата страна. По неколку состаноци, не се плашете да ги искажете емоциите. Големи се шансите да се поврзете и да започнете врска овој месец.

Водолија

Ако сте во врска:

Почетокот на август ќе ви донесе неочекувани потешкотии во кругот на домот и семејството, како и несогласувања со животниот партнер. Со малку повеќе внимание и многу разбирање, ќе најдете заеднички решенија за проблемите, кои претежно ќе се однесуваат на распоредот на обврските во текот на денот. Во втората половина конечно ќе уживате во активности во пар и интимна атмосфера. Искористете ги последните денови од август за нешто посериозни планови за иднината.

Ако сте сами:

Во првата декада од месецот ќе добиете повеќе понуди за заедничко патување, па ќе мора внимателно да ги разгледате и да се одлучите за една. Ви одговараат големи собиранки преку кои ќе запознаете интересни лица со потенцијал за нешто повеќе од пријателство. Личноста со која сте во површна врска ќе продолжува да ви се јавува, но мора да се одлучите што сакате. Привлечете нешто повеќе од секс, ова е идеален месец за емотивни разговори.

Риби

Ако сте во врска:

Во првата декада ќе дознаете нешто што партнерот ви го премолчел и од таа причина ќе избие кавга. Важно е да сфатите дека треба да се фокусирате на крупните работи и планови кои ги имате, а ситниците да ги оставите зад себе. Подобрете ја комуникацијата преку мирни активности во пар. Не ги одложувајте патувањата, тие ќе ја намалат тензијата во односот. Во втората половина од август ќе покажете повеќе нежности и внимание, па партнерот ќе ужива во хармонијата. Вклучете ја романтиката во секојдневието.

Ако сте сами:

Некој упорно ќе се обиде да ви пријде и да ве заинтересира, но тоа ќе го прави нападно, па брзо ќе ви досади. Од неколкуте прилики на почетокот на месецот ќе мора да се одлучите за една, со која ќе развиете емотивна поврзаност. Втората декада на месецот е погодна за почнување нова врска. Од клучно значење е да не ги повторувате грешките од минатото, доколку сакате да поставите здрави темели уште на почетокот.

No comments

Powered by Blogger.