Девојче не може да ги тргне рацете од Меган, реакцијата на Хари - непроценлива (фото)

Пишува: Црнобело  

Меган Маркл е новата „принцеза од бајките“ за девојчињата ширум светот. Тие се воодушевени од насмеаната Војвотка од Сасекс, а едно девојче ја покажа својата љубов кон Меган за време на нејзината посета на Ирска.

На стадионот „Croke Park“ во Даблин 3-годишната Волтер Киеран пресреќна што ја гледа Меган, веднаш почна да ја гали по лицето и по нејзините долги црни локни.

Меган ѝ врати со насмевка на малата Волтер и ја држеше за раката.

Принцот Хари на шега слатко со прстот ја искара малата Волтер и, исто така, ѝ возврати со насмевка.

Потоа и тој самиот беше мета на љубовта на едно 4-годишно детенце кое го влечеше принцот за брадата.

Кралскиот пар очигледно е обожаван од страна на децата:










 

No comments

Powered by Blogger.