Овенот сака да го убие шефот, Раковите „бројат овци“ - што ги мачи знаците пред спиење?

Многумина страдаат од несоница, а оние кои ја искусиле знаат колку е непријатна. Несоницата делува погубно не само по сонот и физичкото, туку и менталното здравје.
Пишува: Црнобело


Сепак, понекогаш и самите си ја предизвикуваме во добар дел, поради мислите пред спиење кои не можеме да ги контролираме. Некои ги мачат љубовни маки, други пари, трети пак работа…

Што најчесто размислува секој од знаците во Зодијакот пред заспивање кои му го скратуваат мирот и сонот?

ОВЕН

„Сакам да го убијам шефот. И ќе го убијам! Еве, утре, можам да му ставам нешто во кафето. Го мразам! Хммм…“.

БИК

„Боже, колку работа имам. На работа треба да напишам 100 мејлови, имам 3 состаноци, да отидам да купам подарок за роденден, па да испазарам за дома, леле стресов ќе ме убие еден ден“.

БЛИЗНАЦИ

„Уште не сум уморен, зошто си легнав? Не ми се спие. Можам да гледам филм. А да излезам некаде? Којзнае има ли некој буден сега“.

РАК

„Ајде спиј, колку обврски те чекаат утре, мижи, смири се, почни да броиш полека… 1 овца… 2 овци… 99 овци… зошто сум уште буден?“

ЛАВ

Си кажува вицеви во себе или се присетува на некое смешно видео што го гледал дента и се смее на глас. Подоцна се смее на шегите кои ги направил во текот на денот бидејќи - тој е најинтересен во друштвото.

ДЕВИЦА

„Ја мразам другарка ми, зошто е толку голема гуска? Зошто се мачи покрај таков дечко? Утре ќе ѝ кажам да му раскине… не, сега ќе ѝ пишам порака да го откачи (станува и го зема телефонот)“.

ВАГА

„Толку е убава, има ли поубава девојка од неа (си се смешка безгласно). Дали знае дека постојам? Дали да ѝ се приближам? Нема поубава, нема…“.

СКОРПИЈА

„Зошто сите ме мразат? Не сум ништо полош од останатите. Зошто сите упорно мислат дека сум најлош? Зошто ме мразат бе? И јас ве мразам. Идиоти!“

СТРЕЛЕЦ

„Како ќе објаснам утре зошто задоцнив/зошто не го направив тоа и тоа/зошто не се појавив на закажаното место? Што да излажам овој пат?“

ЈАРЕЦ

„Добро е, си го пополнив планерот, знам што ќе правам утре, знам кога ќе правам зимница и знам каде ќе славам Нова година. Останува само да се решам каде ќе одам на одмор следната година“.

ВОДОЛИЈА

„Дали сме сами во Универзумот? Јас мислам дека не сме. Нема шанси. Преголем е Универзумот, јас сум само мала безначајна точка. Дали вреди да се грижам за иднината кога сите ќе умреме еден ден? Постојат ли црни дупки?“

РИБИ

„Се надевам дека си во ред, каде и да си. Се надевам дека си среќна и насмеана… се надевам дека некој те љуби… дали некогаш помислуваш на мене?“

No comments

Powered by Blogger.