Каков е секој знак под дејство на алкохол: Бикот кажува вицеви, Водолијата ги губи клучевите

Кој крши чаши во кафеани? Кому пијанството секогаш му е проследено со солзи? Покрај кого е невозможно да се дојде до збор?

Пишува: Црнобело  



Кога алкохолот ќе проговори, неретко се однесуваме како да не сме сосема свои. Луѓето стануваат погласни, полуди, поотворени, или, пак, помрачни од вообичаено. Работите кои немаат никаква смисла – стануваат неверојатно привлечни.

На некои сè им е рамно, на другите хистерично смешно, третите плачат и паѓаат во депресија, а има и такви кои играат на масат и кршат сè околу себе. Да се гледате од страна, веројатно ни самите не би се препознале. Затоа, пак, астролозите знаат за секого по нешто.



Кои каракатеристики ви се запишани во ѕвездите? Еве каков е секој хороскопски знак кога е под дејство на алкохол:

Овен

Овните речиси секогаш исчезнуваат од забавите, кадешто испиле некоја чашка повеќе. Кога ќе видат дека претерале, тие само се собираат и фаќаат магла, не кажувајќи никому ни збор. Ова им се случува пречесто, така што пријателите коваат стратегии како да ги врзат за себе при следното излегување.

Бик

Биковите ќе ги забавуваат сите околу нив под дејство на алкохол. Исклучително се духовити и секогаш имаат неколку вицеви на репертоарот. Меѓутоа, знаат и да претераат. Па, не приметуваат дека после некое време, тие се единствените кои се смеат на своите шеги.


Близнаци

Дури и кога се камен пијани, тие се прилично елоквентни. Близнаците започнуваат разговор со непознати луѓе, а додека да трепнат со окото, ги воведуваат во длабокоумни дискусии. Подоцна и ги бркаат од себе, затоа што не им даваат на другите да дојдат до збор.
Рак

Штом тие почнат да пијат, тешко е дека ќе запрат во брзо време. После неколку пијачки, неизбежен е напливот од емоции. Од љубов до каење, ќе си го искажат секое можно чувство што им лежи на душичката. Раковите ги обзема меланхолија, но се и филозовски настроени, па секогаш ќе наздрават за новите почетоци.


Лав

Ритамот е непознат поим за Лавиците, а посебно за Лавовите. Меѓутоа, кога ќе се поднапијат, тие секогаш завршуваат на подиумот. Со нивните танцувачки движења, неизбежно ги привлекуваат туѓите погледи. И, како и обично – се наоѓаат во центарот на вниманието.
Девица

Девиците никогаш не губат контрола. Дури и кога пијат, тие точно знаат кога им е доста. Пијани лудории? Со нив ова е скоро невозможна мисија. Попрво ќе си заминат на спиење, како би се разбудиле одморени следното утро.

Вага

Вагите се желни за авантури, па алкохолот уште толку им го зајакнува копнежот. На памет им паѓаат разни луди идеи, за кои е подобро да не ги спроведат во дело. Ниту трезни, а камоли додека не се.
Скорпија

Скорпиите треба да се тргнат што подалеку од чаши и флаши, бидејќи сигурно ќе скршат нешто. Кога се пијани во кафеана, или, пак, на журка, ним најдобра мелодија им е звукот на скршено стакло.


Стрелец

После неколку чашки алкохол, тие се чувствуваат апсолутно неодоливи. Тогаш се пуштаат во лов, ама не мислат ништо сериозно. Стрелците сакаат незадолжителен флерт и комплименти. Баш многу комплименти.
Јарец

Јарците секогаш имаат некаква мисија, или, пак, задача која едноставно мора да ја исполнат. „Денес ќе ја пронајдам вистинската љубов!“ или „Денес ќе си поминам најдобро во животот!“. Меѓутоа, тие неретко не се задржуваат на една цел, туку им се менуваат на секои половина часа.


Водолија

Кога малку повеќе ќе испијат, родените во овој хороскопски знак често ги губат клучевите, мобилниот телефон, или, пак, паричникот. Водолиите обично и наоѓаат сè на најочекуваните места, како гардеробата на клубот, односно шанкот во кафулето.
Риби

Рибите првин леат алкохол во чашата, па солзи на лицето. Тие едноставно не умеат поразлично. Кога се во поднапиена состојба, мора од себе да ја исфрлат сета тага и болка, којашто трезни ја потиснуваат. Ова некогаш може да биде мошне напорно...



No comments

Powered by Blogger.