Фатен на дело: Снимен е пироман како го подметнува пожарот во Грција!

Пишува: Точка

Невидените пожари на југот на Грција усмртија најмалку 74 луѓе, соопштија грчките власти, од каде што исто така потврдија дека е уапсено лице кое што е осомничено за подметнување на пожарите.

Огнениот пекол е најголем во Грција од 2007-ма година откако шумските пожари го опустошија јужниот полуостров Пелопонез и убија десетина луѓе.

Грчките власти откриваат дека пожарот избил во понеделникот во местото Мати, источно во Атина и моментално е под контрола, иако се уште гори на некои места: „Грција минува низ невидена трагедија“, изјави Алексис Ципрас кој што прогласи тридневна жалост кај нашиот јужен сосед.

Иако за брзо време реагирале противпожарните служби и набрзо пристигна помош од неколку земји, меѓу кои и Македонија, за многу луѓе, односно според последниот биланс вкупно 74, било предоцна.



Откако биле пронајдени 26 изгорени тела на отворено, челникот на грчкиот Црвен крст, Никос Економпулос изјави: „Се обиделе да пронајдат рута за да побегнат, но за жал, овие луѓе и нивните деца не успеале во тоа. Инстинктивно, гледајќи дека крајот се ближи, тие се прегрнале“.

Од самото избивање на пожарот, грчките медиуми нагаѓаа дека пожарот е подметнат, поради што и грчкиот премиер се врати во земјата после посетата на Босна и Херцеговина. Грчките медиуми сега пренесуваат дека еден од пироманите бил фатен на дело и се појави видео на социјалните мрежи на кое што се гледа како маж подметнува оган.

Еден случаен минувач со својот автомобил застанал откако го забележал сомнителното лице и се снимил со својот мобилен телефон. Благодарение на неговата снимка, грчката полиција уапсила 51-годишен маж кој што сега е главен осомничен за подметнување на пожарот.

No comments

Powered by Blogger.