Еден изговор кој му го уништува животот на секој хороскопски знак


Пишува: Црнобело  
Секој човек е препознатлив по одредена карактеристика, но и по некои фрази кои најчесто му го отсликуваат животот.



Па според тоа, хороскопот открива кој е единствениот изговор со кој секој од знаците „се вади“ во најразлични ситуации.

Дали некогаш сте забележале што ви доаѓа прво на памет кога сакате да избегнете нешто „ненамерно“?

Сепак, тоа може негативно да влијае и да ве спречува да си ги остварите соништата.

Во продолжение, погледнете кој е изговорот на секој хороскопски знак, што ви го уништува животот несвесно.

Овен

„Немам време“

Ако нешто ви е важно, тогаш треба да направите што можете за да најдете време. Можеби сте претрупани со работа, но сепак може да го промените распоредот и да најдете малку време за пријателите, за врската, или за краток одмор.
Бик

„Не е вистинското време“

Не можете засекогаш да го чекате совршениот момент – во спротивно, ќе чекате нешто цел живот и нема да го дочекате. Ако сакате да прашате нешто, да раскинете со некого, да побарате покачување на плата или да започнете нешто поголемо – направете го тоа сега.
Близнаци

„Премногу сум уморен/а“

Престанете да ги прескокнувате тренинзите. Престанете да ги откажувате средбите со пријателите. Премногу седите дома, кога можете да бидете излезени и да го живеете животот. Секогаш има време и за одмор, не си ги скратувајте задоволствата заради неоснован замор.
Рак

„Тој/таа ќе се промени“

Ако се однесуваат лошо со вас, заминете. Личноста нема да се промени на начинот на кој си ја визуализирате во себе. Никогаш нема да ги достигне вашите стандарди и ништо нема да биде поразлично. Ценете се себеси и вашето време.
Лав

„Не сакам“

Сите понекогаш мора да направиме работи кои не ги сакаме во моментот, но во иднина можеби би биле добри за нас. Животот не е секогаш лесен, ниту пак фер. Не е ниту секогаш забавен. За жал, мора некогаш да излезете од комфор зоната.
Девица

„Премногу е ризично“

Ако резултатот е вреден за ризикот, тогаш треба да го преземете. Не може секогаш да бидете на безбедната страна, бидејќи така може ништо да не постигнете. Не може да седите заглавени на едно место и мора да почнете да се движите малку по малку во друга насока.

 Вага

„Се плашам“

Не сте единствените кои се плашат и стануваат нервозни пред некои големи животни случувања (па, дури и ако се работи за ситница). Сите се плашат од нешто, но само најхрабрите ги оставаат стравовите зад себе и се стремат кон остварување на своите цели.
Скорпија

„Добро ми е и вака“

Никогаш не треба да се помирувате со просечното. Никогаш не треба да се задоволувате со „добро е и вака“. Треба да се борите за најдоброто и за одличен живот. За среќа. За задоволство. Не останувајте на просечно ниво цел живот.
Стрелец

„Многу е тешко“

Ништо што е вредно, не е лесно достапно. Мора да се борите да ја постигнете вашата цел. Мора напорно да работите и да се трудите. Никој нема да ви врачи нешто туку така. Треба сами да се измачите за да го добиете тоа што го сакате, колку и да е тешко.
Јарец

„Не сум доволно добар/а“

Престанете да дозволувате вашите несигурности да ви го блокираат патот кон успехот. Пратете го CV-то иако се двоумите. Пријавете се на аудиција. Аплицирајте за тоа што го сакате. Побарајте ја личноста која ви се допаѓа. Доволно се воздржувавте.
Водолија

„Никогаш нема да успеам“

Не се потценувајте себеси. Не си го замислувајте веднаш најлошото сценарио. Престанете да претпоставувате дека нема да успеете уште пред да почнете да се обидувате. Дајте си шанса за борба и успех.
Риби

„Ќе почнам од утре“

Не може цел живот да чекате. Не може да продолжите да ги одложувате обврските за утре, кога може да ги завршите денес. Бидете продуктивни. Одлучете дека денес е денот кога ќе почнете да го живеете животот кој секогаш го сакавте.

No comments

Powered by Blogger.