Јаде од тревата на теренот, си зборува сам со себе - интересни факти за Новак Ѓоковиќ

Пишува: Црнобело

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во светот. Иако како мал сакал скијање и фудбал, сепак тенисот му бил најголема љубов.



Без разлика дали врнело дожд, паѓал снег или пак бил некој празник, тој секогаш вежбал со неговиот тренер Јелена.
Дознајте нешто повеќе преку следните интересни факти за животот на Ѓоковиќ:

Кога за прв пат допрел тениски рекет?

Тој за прв пат држел рекет во своите раце на само четиригодишна возраст. Рекетот му го донел татко му како подарок.



Тренирал со тренерот на Моника Селеш

Во 1993 година, Новак го забележала југословенската тенисерка Јелена Генчиќ.

Таа го пофалила дека е најголемиот талент што го видела после Моника Селеш. Во следните 6 години го тренирала Новак, а кога наполнил 13 години отишол во академијата Пилиц во Минхен, и на 14 години започнал со интернационална кариера.



Патот до славата

Во 2001 година на свои 14 години, Ѓоковиќ станува троен Европски шампион во сингл, двојки и тимска конкуренција. Исто така, го освојува сребрениот медал на Светскиот Јуниорски Шампионат во Југославија.



Моментот кога освојува кариера слем

Откако победи на Францускиот опен во 2016-та, тој стана првиот машки тенисер после Лорд Лавер, којшто освоил Кариера Слем во историјата.



Кошмар за противниците

Ѓоковиќ е само еден од четирите тенисери коишто успеале да го победат Федерер трипати во една година и еден од само двајца играчи коишто успеале да ги победат Роџер Федерер и Рафаел Надал во последователни натпревари.

Тој е единствениот играч којшто успеал да ги победи Федерер и Надал во ист турнир и тоа во 3 различни наврати.



Оженет е со пријателката од неговото детство

Својата жена, Јелена Ристиќ, ја има сретнато во средно училиште. На 10-ти јули 2014 година тие се венчаа и имаат две деца, Стефан и Тара.



Полиглот

Ѓоковиќ течно зборува повеќе јазици: српски, италијански, германски и англиски.



Се грижи за здравјето на децата

Во 2007 година, Ѓоковиќ ја лансираше кампањата за помош на децата, којашто им пружа финансиска помош на повеќе млади деца низ Србија, односно им помага на децата коишто ги изгубиле своите родители во војната.

Воедно, тој дава и огромни донации наменети за српските манастири и цркви.



Познат е по имитациите

Ѓоковиќ е одличен имитатор кој умее да ги копира познатите спортски ѕвезди како што се Марија Шарапова, Андре Агаси, Рафаел Надал и многу други.



На што е алергичен?

Алергичен е на глутен.



Се појавува во видео спот

Тој се појавува во музичкиот видео спот за песната „Hello“ на Мартин Солвег.


Чудни навики

Без разлика колку е чудно, на Ѓоковиќ не му е гајле. Секогаш кога е на Вимблдон тој јаде од тревата и вели дека има вкус на пот. Исто така, знае да си зборува сам со себе за време на мечевите.



Сака животни

Новак е голем љубител на животни и секаде каде што оди со себе ги носи своите кученца Пјер и Тесла.



Сервирај за да победиш

„Сервирај за да победиш“ е насловот на неговата кратка книга којашто се однесува на неговиот животен пат до почесното место како еден од најголемите тенисери на сите времиња. Во книгата, исто така, има и 14-дневна диета без глутен.



Врвот на успехот

Ѓоковиќ се смета за еден од најголемите тенисери во историјата на овој спорт.

Некои од тениските експерти ги имаат класифицирано дел од неговите мечеви во групата на најголемите натпревари во историјата, особено финалето на Австралија Опен во 2012 година како најдобриот меч на сите времиња.

Ова е доказ за големината на овој тенисер.

No comments

Powered by Blogger.