Ништо лично: Фудбалерот сакал да се ракува со хостесата, но таа го понижи пред цел свет


Пишува: Точка

Јувентус ја продолжува својата доминација во Серија А, односно веќе седми пат по ред слават црно белите. Прославата на старо новиот италијански првак беше одбележена и по потегот на една хостеса.

"Не знам зошто се крена толку голема врева. Правилата не ни дозволуваат никаков контакт со играчите", објасна Светлана Вакулова.

Имено, фудбалерот Меди Бенатиа тргнал по својот медал, а кога изразил желба да се ракува со хостесата, таа го одби.

"Нема ништо посебно во оваа приказна. Само постапив онака како што морав", откри хостесата.

Погледнете како изгледаше тоа.

No comments

Powered by Blogger.