Колку часа треба да спиете според возраста?

Сигурно веќе ви е смачено да читате за квалитетниот сон, но спиењето е многу важно за здравјето иако можеби вам не ви изгледа така.
Пишува: Црнобело  


Обично, за доволно се сметаат стандардните 7-8 часа спиење, но сепак тоа не е секогаш случај.

За да имате квалитетен сон, важна е и возраста, која одредува колку часа спиење ви се доволни.


И додека многумина чекаат да дојде викенд за да се наспијат, а во текот на работната недела се измачуваат и остануваат будни до доцна, не се ни свесни колку тоа може да им наштети.

Недостаток на сон

Недоволниот сон го ослабува имунитетот и може да доведе до сериозни последици, како и да го зголеми ризикот на развивање на следниве проблеми и заболувања:

Исцрпеност
Депресија
Промени во работата на хормоните
Кардиоваскуларни заболувања
Проблеми со видот
Дијабетес

Покрај сите овие работи, лошиот сон влијае и на телото и изгледот, може да дојде до накачување тежина, подочници и менување на бојата на кожата.


Возраст и сон

Научниците откриле поврзаност помеѓу возраста и потребниот број на часови за добар сон:
0-3 месеци: 14-17 часа
4-11 месеци: 12-15 часа
1-2 години: 11-14 часа
3-5 години: 10-13 часа
6-13 години: 9-11 часа
14-17 години: 8-10 часа
18-25 години: 7-9 часа
26-64 години: 7-9 часа
65+ години: 7-8 часа

Колку е повозрасен човекот толку помалку часови за спиење му се потребни, во зависност од децата.

На бебињата им е потребно најмногу сон, на децата до 18 години им се потребни до 10 часа сон, а подоцна периодот за квалитетен сон доаѓа до стандардните и познати 7-9 часа.


Подобрување на сонот

Следниве совети ќе ви помогнат подобро да се наспиете и да се чувствувате посвежо секојдневно:

Запомнете дека треба да сте будни преку ден, а навечер да спиете – ако ја нарушите оваа шема, ќе настанат проблеми
Заспивајте и будете се секој ден во исто време
Не пијте алкохолни пијалаци пред спиење
Не се прејадувајте навечер
Создадете си удобна и пријатна атмосфера во спалната
Одберете удобен кревет и душек и квалитетни перници и постелнини
Не користете електронски уреди пред спиење
Кратка прошетка на свеж воздух ќе ви помогне да заспиете побрзо

No comments

Powered by Blogger.