Камионџиите ги блокирале сите патишта: Армијата е на улиците, вондредна состојба во Сао Пауло

Пишува: Точка

Камионџиите веќе неколку дена протестираат во Сао Пауло така што ги блокирале улиците на бразилскиот град, поради што била прогласена и вондредна состојба поради недостиг на гориво.

Бразилската влада на војската ѝ издаде наредба да ги отстранат блокадите од автопатите кои што биле поставени од страна на камионџиите во знак на протест поради превисоките цени на горивата.

Претседателот на Бразил, Мишел Темер одлучил на војската и полицијата да им издаде овластувања да ги отстранат блокадите после состанокот со министрите од бразилската влада во Бразилија. Тој изјавил дека владата на Бразил има храброст да го заштити населението од протестите, а на камионџиите им порачал дека ќе бидат одговорни за штетата која што ја предизвикуваат на државата.

Преговарачите на незадоволните камионџии се договориле во четвртокот да ги прекинат протестите, откако бразилската влада им ветила дека ќе ги стабилизира цените на дизелот. Сепак, штрајкот на камионџиите не бил прекинат, и покрај постигнатиот договор со владата.

Поради штрајкот, бензинските станици не можат да добијат гориво, а продавниците остануваат без продукти. Во одредени делови на Бразил, како последица на штрајкот била одложена наставата во неколку училишта и универзитети, а девет летови биле одложени на меѓународниот аеродром во Бразилија.

No comments

Powered by Blogger.