8 работи заради кои одредени жени се непривлечни за мажите

Жените се убедени дека мажите се визуелни суштества, и иако не се далеку од вистината, сепак има уште неколку фактори кои влијаат на тоа дали една жена ќе биде привлечна или не во машките очи.
Пишува: Црнобело


Посебно ако мажот е во потрага по нешто стабилно и долгорочно, еве што сè може да го одбие:

1. Непривлечните жени изгледаат секогаш луто и нерасположено

Колку и да мислите дека лутиот и остар поглед како на моделите ќе го привлече вниманието, грешите. Мажите ги привлекуваат насмеани жени кои делуваат задоволно и среќно, а не оние кои оддаваат слика на арогантни, горделиви, студени и егоистични.


2. Покажуваат очајна желба за брак

Очајната желба за брак и наметнувањето на темата уште на првиот состанок, дефинитивно ќе го исплаши секој маж. Жените кои во секој маж гледаат сопруг се далеку од привлечни.


3. Сакаат да драматизираат и комплицираат

Мажите размислуваат логички и не бараат значење на најмалите ситници, па затоа не можат да поднесат жени кои сакаат да драматизираат за сè и сешто. Не го сакаат претчувството дека постојано нешто не е во ред.


4. Не знаат како се сака маж

Да бидеме реални, ниту еден маж не се чувствува ценето и сакано доколку му подарите плишано мече и чоколадо. Многу поголема работа ќе заврши пицата и шалот од омилениот тим. Мажите се едноставни и практични, па не очекуваат од жените да бидат секогаш романтични.


5. Имаат превисоки очекувања

Непривлечните жени обично доаѓаат со цел список на побарувања од мажот, и тоа дефинитивно не им се допаѓа.


6. Не внимаваат на изгледот

Ова не подразбира дека мора да изгледате како модел. Има мажи кои сакаат слаби девојки, додека други сакаат облини. Важно е да знаете да го носите сопственото тело и она што го поседувате. Не бидете роб на трендовите и не изгледајте вештачки – тоа ги одбива мажите.


7. Живеат во свет на илузии

Непривлечните жени веруваат дека принцот ќе пристигне на бел коњ и на првиот состанок ќе им донесе 101 роза. Тие веруваат дека цртаните на Дизни се реалност и дека се принцези или пак главен лик од некоја шпанска серија.


8. Сами донесуваат одлуки, без да побараат мислење

Во ред е да бидете силна и независна жена, но не во негативна смисла. Нема потреба да правите сè сами. Дури и да можете, мажите сакаат и се чувствуваат поубаво кога жената ќе побара помош или мислење од нив.

No comments

Powered by Blogger.