6 хороскопски знаци кои се престроги кон себе

Пишува: Црнобело
Вистина е, секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме, но тоа не значи дека треба да бидеме и престроги кон себе.



Постојат претставници на хороскопските знаци кои лесно им судат на другите, без да ги разгледаат сите околности. Веднаш спроти нив, се оние кои најлесно си судат себе.

Да се биде свесен за сопствените недостатоци е навистина доблесна особина, но не и кога се претерува со тоа. Некои одат дотаму што дури и се понижуваат себе, мислејќи дека така се мотивираат да бидат подобри.

Тоа се следниве хороскопски знаци:

Девица

Девиците се подеднакво строги и кон другите и кон себе. Понекогаш, дури можат и да бидат премногу осудувачки расположени.

На овие личности им е потребно повеќе време за да научат да се прифатат себе такви какви што се, без да се обидуваат неосновано да се менуваат.

Вага

Тие се многу свесни личности и никогаш немаат намера да повредат некој друг. Но, кога се самите во прашање, пречесто заглавуваат во процесот на самосожалување.

Тие ретко се гледаат себе како совршени, па поради тоа самите си поставуваат бариери и притисоци. Често, тоа резултира со нервоза и анксиозност.



Рак

Раковите имаат навистина топол и нежен пристап, но само кон другите. Кога се работи за нив самите, тогаш се нешто построги.

И тие се луѓе кои сакаат нештата да се движат кон совршенството и многу ги растажува кога тоа не оди по нивниот план.

Риби

Тие можеби се однесуваат сосема природно, но никој не би сакал да биде во нивната глава. Една од причините е што постојано не се задоволни од тоа што го прават.

Токму затоа, нивните мисли се исполнети со вина и срам, што може дури и да се каже дека се казнуваат себе кога не се такви какви што очекувале да бидат.



Близнаци

Од една страна тие можат лесно да ги пресретнат своите лоши мисли, но од друга страна личниот неуспех (односно она што го гледаат како таков), може целосно да ги уништи.

Близнаците не поднесуваат незавршени нешта и секогаш ќе најдат начин да стават точка на она што го почнале. Понекогаш, тоа го прават и по цена на тоа да не спијат со ноќи.

Јарец

Да, знаеме, тие се самоуверени, арогантни и во 90% од случаите успеваат да ги реализираат сите свои планови и намери.

Но, останатите 10% предизвикуваат тие да сакаат да се скријат во зајачка дупка и да се загушат во самосожалувањето. Во вакви ситуации би се запрашале каде отиде Јарецот кого го познававте?

No comments

Powered by Blogger.