5 ситници кои му носат (не)среќа на вашиот дом

Пишува: Црнобело

Дали имате чувство дека постојано ве следи несреќа во домот? Погледнете го добро просторот во кој живеете, затоа што можеби постои решение за вашите проблеми под покривот.



Имено, според многу верувања, постојат неколку предмети што носат несреќа во домот, но и многу што ќе ви донесат вистинска среќа.

Доколку сакате да живеете во дом без негативна енергија, избегнувајте ги следните пет злокобни нешта:

Огледало свртено кон креветот

Се верува дека огледалото што е директно наместено да гледа кон креветот во кој спиете може да предизвика проблеми во љубовната врска, емитувајќи штетни влијанија во инаку добар и успешен брак.



Црна врата

Единствено доколку влезот, односно влезната врата е свртена кон северната страна, истата може да биде обоена во црна боја.

Во спротивно, ќе се соочите со непријатни настани и лоши последици по вашето здравје доколку влезната врата ви е црна.



Растенија со иглички

Острите и предметите со истакнат шпицест врв се смета дека носат несреќа со домот, а растенијата не се никаков исклучок од правилото.

Доколку сакате да привлечете позитивна енергија дома, ослободете се од сите кактуси со иглички.



Календар на погрешно место

Доколку имате висечки календар на влезната врата во домот, тој е потсетник за текот на животот и се верува дека влијае на животниот век на станарите.


Слика со бродолом

Сликите на кои е прикажан бродолом симболизираат непријатност што може да влијае на однесувањето на станарите и на енергијата која ја шират во домот.



Што треба да имате во домот за позитивна енергија:

Свежо цвеќе

Доколку поставите свежо цвеќе на видливо место во вашиот дом, среќата нема да ве заобиколи.



Обоена врата

Доколку „гледаат“ кон јужната страна, обојте ги вратите во црвена или портокалова боја.

Вратата што е насочена кон север треба да биде сина или црна, а пак оние на запад е најдобро да се во бела боја. Вратите кои „гледаат“ кон исток ќе ви донесат среќа, доколку се кафеави или зелени.



Распоред на мебелот

Се верува дека кружно наредениот мебел помага во протокот на енергијата во домот.

Исто така, се смета дека креветот кој е наместен дијагонално од вратата во спалната соба ќе го исполни домот со многу позитивна енергија.



Потковици

Многу култури веруваат дека коњските потковици што висат над вратата носат среќа.

Ако е свртена надолу, среќата ќе го допре секој кој поминува низ таа врата каде што виси потковицата.



„Ловец“ на соништа

Доколку закачите еден во спалната соба, се верува дека „ловецот“ на соништа ги штити станарите од грдите и лоши соништа.

No comments

Powered by Blogger.