Меган уште пред 4 години пишувала за нејзиниот сон да биде принцеза

Меган Маркл три години водеше свој блог, „The Tig“, кој е „во мирување“ откако ја официјализираа веридбата со принцот Хари.
Пишува: Црнобело



Магазинот „People“ потсети на еден од нејзините најпопуларни постови на тој блог, во кој денешната војвотка од Сасекс пишува дека нејзина детска фантазија е еден ден да стане принцеза.

Во оригиналниот пост, Маркл дури и ѝ се воодушевува на Кејт Мидлтон, а денеска се членови на истотo семејство.

„Мојот сон беше за принцезата Ши-Ра, принцезата на моќта“, напишала тогаш Меган. Таа се воодушевувала на целата фама што всушност се кренала околу венчавката на Кејт со принцот Вилијам.



За оние кои не знаат, принцезата Ши-Ра е сестра близначка на Хи-Мен и води бунтовничко движење, а со тоа симболизира и храбра принцеза која сама се бори за она што ѝ припаѓа.

Исто така, Меган во 2014 имала кратко интервју со либиската активистка, принцезата Алија Ал-Сенуси, во врска со нејзината филантропска активност.

Она што тогаш не ни можела да го претпостави е дека за четири години ќе го затвори својот блог затоа што и самата ќе мора да го следи и почитува протоколот на британското кралско семејство.

No comments

Powered by Blogger.