Го продала подарокот од кралската свадба и заработила 24.000 евра

Пишува: Точка

На фановите на Меган и Хари купувањето на скапи подароци на интернет не им паѓа тешко, а кралското семејство на крајот поделило 2.640 бесплатни вреќички за гостите.

Неколку гости кои добиле "златна карта" да бидат дел од кралската венчавка во саботата во дворецот Виндзор, сега преку интернет ги продаваат подароците кои ги добиле бесплатно како благодарност, пишува "Daily Mail".

Менаџерката за човечки потенцијали, 31-годишната Клер Оливер, била една од 1.200-те гости кои прославата ја проследиле пред капелата Сент Џорџ. Имала можност од непосредна близина да го види кралското семејство и нивните славни гости.


Менаџерката живее во југоисточен Лондон, а работи во инженерската компанија "Troup Bywaters". Само три дена по венчавката својот "Goodie Bag" го продала на eBay аукција за цена од 21.400 фунти.

Подарокот е во платнената вреќа на која биле иницијалите на Меган и Хари, и датумот на нивната венчавка. Содржи писмо за добредојде, шише вода од дворецот Виндзор, големо чоколадо, магнет за фрижидер, разгледница, кекс и ваучер со 20 попуст за производите во продавниците во дворецот.



"Не сакам да ја коментирам својата продажба", рекла Оливер за "Daily Mail". Набрзо ги деактивирала своите профили на социјалните мрежи, бидејќи со продажбата ги разбеснила фановите на кралското семејство, кои сметаат дека тоа е безобразно и невкусно.

Освен нејзината, имало и уште неколку понуди, а почетните цени се движеле од 112 фунти. Фановите на Меган и Хари не штедат многу, а кралското семејство на крајот поделило 2.600 такви вреќички. Славните гости, како и најблиското семејство, не добиле од овие подароци.



No comments

Powered by Blogger.