Се знаат од деца, има тетоважа во негова чест: 12 факти за сопругата на Лионел Меси

Пишува: Црнобело  
Познато е дека фудбалерите имаат неверојатно жешки сопруги, а таква е и на Меси. Но, приказната за Антоанела Рокузо е уникатна затоа што таа и Меси се познаваат уште од 5/6-годишна возраст.



Лионел Меси се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација. Аргентинскиот спортист покрај со своите професионални успеси, вниманието на јавноста го привлекува и со прекрасната сопруга Антонела Рокузо.

Парот е во брак од 2017 година и имаат три деца, од кои две ги добија пред да стапат во брак.

Факти за прекрасната сопруга на Лионел Меси:

Таа е дружељубива личност која постојано има насмевка на лицето.

Може да ја опишеме како неверојатна, гламурозна, убава, но нејзин прекар е „la negra“, кој го добила поради темните локни и чоколадниот тен.

Го запознала својот сопруг уште кога биле деца. Таа имала 5 години, а години подоцна светски познатиот Меси ја земал за сопруга девојката од своето мало родно место Росарио во Аргентина.

Во 2007 година близок пријател на Антоанела загина во сообраќајна незгода, а Меси веднаш замина во родното место за да биде покрај неа и да ја утеши. Оттогаш нивната љубов се разгоре.

Откако Меси замина во Шпанија за да игра за Барселона нивната врска имаше пад и Антоанела си фати ново момче, но брзо потоа му раскина и се смири со Меси.

Му ја покажа безусловната љубов на Меси со тетовирање на кралска круна на своето тело во негова чест. Нели, тој е кралот во фудбалот?

Антоанела има свој моден бренд.

Таа одбива интервјуа и сака нејзиниот сакан да биде во центарот на вниманието.

Антоанела го обожава Дизниленд и Меси ја однел таму кога биле помлади.

Со Меси обожаваат кучиња.

Се дружи со сопругите на другите фудбалери.

Антоанела му е најголема поддршка на својот сопруг.

















No comments

Powered by Blogger.