11 правила за безбеден престој на плажа

Пишува: Црнобело

Иако прва асоцијација за плажата е безгрижност, сепак постојат многу ризици на кои ретко помислуваме кога ќе се упатиме кон неа.



За одморот или викендот да не се претвори во непријатно искуство, треба да почитувате 11 едноставни правила:

1. Не влегувајте сами во вода

Во случај на незгода, секогаш ќе има некој до вас.



2. Не влегувајте ниту пребрзо во вода

Дајте му време на телото да се навикне на температурната разлика.



3. Проценете ја температурата на водата

Доколку е престудена многу лесно може да се соочите со грчеви и вртоглавици. Добро е да си ги знаете границите на издржливост.



4. Не иницирајте натпревари во вода

Не си соборувајте рекорди и не се натпреварувајте во вода. Постојат позабавни и побезопасни начини да го исполните времето поминато на плажа.



5. Разгледајте ги дополнителните ризици

Истражете дали има опасни животни во водата во која планирате да влезете, дали водата е чиста и можете да го видите дното и на што точно газите, дали постои опасност од треви кои може да ви се замотаат околу ногата... Никогаш не влегувајте „на слепо“.



6. Раздвижете го телото пред да влезете во вода

Доколку од лежечка положба се пуштите во вода, многу поголем е ризикот од грчеви.



7. Внимателно размислете доколку нуркате

Секогаш е попаметно да имате опрема со вас и да не ви затреба, отколку обратно.



8. Пловните средства на дување се ризични

Никогаш не заспивајте на нив, бидејќи не знаете струите каде може да ве однесат. Исто така, доколку имате деца, никогаш не ги оставајте сами на душек во вода.



9. Ноќно бањање

Иако делува примамливо, ноќното бањање знае да биде поризично од вообичаено, па најдобро е да се консултирате со локаци, да не одите сами и да се држите до длабочина до која може да допрете со нозете.



10. Спортови на вода

Што и да пробувате на вода – секогаш на себе имајте спасувачки елек.



11. Алкохолот е големо НЕ за време на пливањето

Во вода мора да бидете комплетно трезни и свесни, без изговори.

No comments

Powered by Blogger.