Била неподнослива тин ѕвезда, го мрази Холивуд: 11 факти за Ванеса Паради, поранешната девојка на Џони Деп

Никогаш не била мажена, но кружат гласини дека 45-годишната Французинка токму годинава ќе го каже судбоносното „да“.


Пишува: Црнобело

Џони Деп е познат по краткиот брак и драматичниот развод во мај 2016 со актерката Амбер Хард, но пред тоа тој беше во долга и хармонична врска со Ванеса Паради.

Тие се запознаа во 1998 година во Париз, се вљубија на прв поглед и имаат две деца заедно.

Иако се разделија во 2012 година, нејзиното име засекогаш останува поврзано со холивудскиот актер од А-листата.

Факти за убавата Французинка:

Никогаш не сакаше кариера во Холивуд

Таа беше успешна пејачка, актерка и модел во Франција, но никогаш не посегна по Холивуд.

Ванеса изјави дека е среќна што може да бира, а во Холивуд има добри и лоши работи, па затоа не сака воопшто да биде дел од тоа.

Не се плаши од стареењето

Таа е една од најубавите жени на светот и вели дека времето не можеме да го запреме, а дека убави сме ако сме полни со љубов и интерес кон животот и другите.

Без разлика на брчките, најважно е да уживаме во својата кожа, порачува таа.

Има една сестра, многу помала од неа

Ванеса ја има 11 години помалата сестра Алисон Паради. Пред тоа била дете кое најмногу уживало кога си играло само.

Достигна слава на 14 години, но не ја сакаа сите

Кога ја отепа песната „Joe le Taxi“ во 1987 година, имаше 14 години и стана сензација.

Многумина биле воодушевени од неа, но некои се бунеле што толку мало девојче пее песна за возрасни.

Славата од детството си го зема својот данок

Како што кажавме не ја сакале сите и коментарите полни омраза допирале до младата Паради, а таа во меѓувреме имала тим кој никогаш не и противречел, па станала дрска, самоуверена и дури неподнослива, открива самата Ванеса.

Најмногу ужива во Јужна Франција

Поради врската со Џони Деп живееше периоди и во Холивуд и нивните деца таму одат на училиште.

Патува многу, но вели дека најубаво се чувствува кога живее едноставен живот на југот од Франција.

Верува дека љубовта е силна, но кршлива

Ванеса и Џони Деп беа 14 години заедно и имаат 2 деца. Тие се разделија во јуни 2012 година.

Изјави дека можеш да бидеш во несреќна врска со љубовта на својот живот, но и дека никогаш нема да престане да верува во љубов.

Се труди многу за да ги тргне нејзините деца од фокусот на медиумите

И покрај тоа што нејзината ќерка Лили Роуз тргна по нејзините стапки како лице во кампања на Chanel и актерка во филмот Yoga Hosers, Ванеса и Џони Деп се потрудија нивните деца да имаат мирно детство во Јужна Франција и Холивуд, на страна од фокусот на медиумите, па потоа сами да го изберат својот пат.



Му го промени животот на Џони Деп засекогаш

Тие долго време беа совршен пар. Таа му го промени животот кога по само три месеци состанување откри дека е трудна со негово дете.

Ванеса во едно интервју изјави: „Јас не го скротив него, ние се скротивме еден со друг.“



Никогаш не била мажена, но тоа може да се промени годинава

Во врска била со Лени Кравиц од 1992 до 1997 година, па 14 години со Џони Деп, а од 2016 година е во врска со францускиот писател, режисер и актер Samuel Benchetrit.

Кружат гласини дека парот е свршен и се очекува Ванеса да се омажи за првпат во животот ова лето. Сепак, информацијата не е потврдена.



На Џони Деп му дала тостер како свадбен подарок

Интересно е што Ванеса наводно ја одбила свадбената покана на Џони Деп и Амбер Хард, но сепак му испратила свадбен подарок на парот – тостер.

Шега или скриена порака, останува мистерија, но и Џони и Амбер и онака повеќе не се заедно.



No comments

Powered by Blogger.