Го мразела училиштето, имала афера со телохранителот: 10 факти за принцезата Дијана

Дали знаете дека најголемиот сон на принцезата Дијана бил да стане балерина и дека на сите што ќе ѝ подареле нешто им пишувала картички за благодарност?
Пишува: Црнобело


Принцезата Дијана беше една од највлијателните личности во 20-тиот век и никогаш нема да биде заборавена.

Иако животот го живееше пред лупата на јавноста, сепак постојат многу работи за неа кои можеби не ги знаете.

Интересни факти за Дијана:

Таа била четвртото од 5 деца, но нејзиниот брат Џон Спенсер починал само неколку часа по раѓањето, а тоа било во јануари 1960, година и половина пред да се роди Дијана.



Нејзините родители се развеле кога имала 7 години, поради неверства и физичко малтретирање.



Нејзината баба работела како асистент на мајката на кралицата Елизабета и ги организирала кралските забави.



Сакала да биде балерина, но била превисока и затоа престанала со часовите.



Не го обожавала училиштето и го напуштила на 16-годишна возраст, а потоа учела само еден семестар во Швајцарија пред да го сретне принцот Чарлс.



Работела како дадилка и учителка.



Секогаш им давала картички за благодарност на сите што ѝ давале подароци.



Имала многу познати пријатели како Лајза Минели, Џорџ Мајкл, Елтон Џон, Курт Расел итн.



Имала афера со нејзиниот телохранител Бери Манаки, кој по една година од службата бил преместен поради преблизок контакт со принцезата, а во 1987 година починал во сомнителна сообраќајна незгода со мотор.



Ја поканила Синди Крафорд во Кензингтонската палата на чај за да ги изненади своите синови кои тогаш биле тинејџери.

No comments

Powered by Blogger.