10 интересни факти за домот на принцот Хари и Меган Маркл

Кензингтонската палата крие многу тајни. Во нејзините раскошни одаи имало многу славење и насмевки, но и трагедии, но сега Хари и Меган во неа внесуваат нова енергија.

Пишува: Црнобело



Принцот Хари и Меган Маркл живеат во свој апартман во Кензинготнската палата. Таа крие богата историја во себе, а нејзината грандиозност е дури застрашувачка.



Факти за Кензингтонската палата, односно за домот на Хари и Меган:
Стара е повеќе од 400 години. Таа не била отсекогаш палата, а според некои британски извори изградена е во 1605 година.



Отворена е за јавноста и иако не можете да видите каде точно живеат Хари и Меган, вие можете да истражувате делови од неа.


Во неа се случиле многу трагедии досега, како неверства и смрт од различни болести на членови на кралското семејство.


Составена е од апартмани, а Хари и Меган живеат во еден од нив. Таму живеат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, додека апартманот на принцезата Дијана беше празен со години.


Принцезата Дијана живееше во палатата со нејзините синови Хари и Вилијам и по разводот со Чарлс, сè до нејзината трагична смрт.


Многу луѓе не знаат, но Кензингтонската палата може да ја изнајмите на еден ден и да си организирате настан таму.


На ѕидовите има вистински богатства, како цртежи од Леонардо да Винчи.


Во текот на годините направени се многу доградби и реновации.


Најдолго владеење пред кралицата Елизабета имала кралицата Викторија, која била родена во палатата во 1819 година и на тронот била ставена на само 18 години и останала на власт 63 години.


Во 1890-тите за малку ќе била срушена бидејќи многу работи во неа не биле направени како што треба и очајно ѝ била потребна реновација, но кралицата Викторија ја спасила и посветила две години на реновација.





No comments

Powered by Blogger.