Летна филмска авантура – 10 нови наслови кои ќе ве освојат

Филмската индустрија не го намалува темпото само затоа што е лето, напротив.
Пишува: Црнобе
Letna-filmska-avantura-01.jpg
Многу долго очекувани филмови конечно излегоа на квалитетна снимка. Дефинитивно е време да си организирате филмски викенд, сами, со пријателите или партнерот, онака како што најмногу преферирате и да го изгледате следниот свеж филмски бран:

TAG

Секоја година, петорица најдобри пријатели за време на месецот мај играат „брканица“, традиција стара 30 години, која подразбира нула правила и многу забава.
Set of up

Двајца асистенти имаат практично непостоечки приватен живот поради нивните шефови. Тие прават план да ги „наместат“ со цел да имаат повеќе слободно време.
Skyscraper

Експерт во областа на обезбедувањето мора да се инфилтрира во облакодер зафатен од пожар висок 225 ката над земјата, за да го спаси своето семејство-заложник на група криминалци.

The Death of Superman

Во најновиот анимиран филм, Супермен се бори со непријателот Думсдеј.

Traffik

Бреа и Џон тргнуваат на романтичен викенд во планините и се соочуваат со моторџиска банда. Наскоро нивниот одмор ќе се претвори во кошмар, додека двајцата се борат за своите животи.



The Guernsey Literary and Potato Peel Pie Society

Џулиет е писателка која непосредно по Втората светска војна се запознава со жители на островот Guensley и започнува да пишува книги за нивните искуства и страдања за време на војната.

The Miracle Season

По трагичната смрт на Керолајн – ѕвездата на училишниот одбојкарски тим, девојките мора да пронајдат нови сили покрај нивниот непокорен тренер, во обид да ја освојат шампионската титула.

Bad Samaritan

Група разбојници ќе пронајдат жена која е всушност заробеничка во домот којшто сакаат да го ограбат.

Breaking In

Шон го живее најмрачниот кошмар – нејзиниот дом е нападнат од страна на криминалци. Таа мора да стори сè за да ги заштити своите две деца во куќа која навидум не може да биде пробиена.



Wildling

Тинејџерка полека започнува да ги открива мрачните тајни кои го обвиваат нејзиното трауматично детство.

No comments

Powered by Blogger.