Се облекува како момче, сака да ја викаат Џон: 10 факти за Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит

Биолошката ќерка на познатите актери живее и функционира по свои правила и од дома има комплетна поддршка.

Пишува: Црнобело  

Шајло Џоли Пит е прекрасно синооко девојче кое сака да биде момче и токму така и живее.

Првата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит е родена во март 2006 година.

Факти за Шајло:

Има 12 години и 5 браќа и сестри.


Сака да ѝ се обраќаат со името Џон и се облекува како машко, а родителите комплетно ја поддржуваат.




Родена е со царски рез во африканската држава Намибија. Близнаците на Џоли и Пит се родени во Франција.


Секое дете на славниот пар имало по една дадилка, вкупно 6 и за нив бил задолжен братот на Анџелина, Џејмс. Се разбира, и Шајло растела со дадилка.




Првата објавена фотка од Шајло како бебе чинеше 7.2 милиони долари и беше најскапо продадена фотка од „позната личност“, сè додека не се родија близнаците Вивиен и Нокс, чии фотографии чинеа 14 милиони.




Шајло ја придружува мајка си на добротворните мисии во странство.


Уште како дете присуствуваше на филмските премиери на нејзините родители.




Во музејот Мадам Тисо во Лондон има восочна фигура од Шајло како 2-месечно бебе.


Ја имаше во филмот The Curious Case of Benjamin Button (2008) со татко ѝ, каде го глумеше токму Бенџамин Батон, кога станува бебе. Има учествувано и во други филмски проекти.


Како и нејзините браќа и сестри и таа е школувана дома.





No comments

Powered by Blogger.