Тотално лудило: На Круз, кој убил 17 луѓе во масакр во Флорида, девојки му праќаат свои секси фотографии, а фановите пари и поддршка


Пишува: Точка

Веста за Николас Круз, главниот осомничен за масакрот на Флорида каде во училиште биле убиени 17 лица, би можела да се најде во рубриката "верувале или не", со оглед на бројот на писма за поддршка кои ги добива од фановите.

И тоа не е се, бидејќи покрај големиот број на фотографии од провокативно облечени девојки, на Николас речиси секојдневно му пристигнуваат и уплати од по стотина долари на затворската сметка.

Неверојатно е и тоа што, од момче поради чија постапка плачела цела Америка, Круз сега кај дел од јавноста станал своевидна жртва, па така се основаат и групи на Фејсбук во кои се дискутира на кои начини би можеле неговите фанови да му помогнат.

Откако бил обвинет за убиство на 17 лица во средно училиште на Флорида, Николас бил префрлен во окружен затвор, а обвинителите најавиле дека ќе бараат смртна казна.

Сепак, сите тие писма и фотографии, Круз, кој е под надзор за да не изврши самоубиство, не ги видел, а поштата ја отвораат затворските службеници.

Во едно од тие писма, во кои локалните медиуми имале увид, има фотографија од 18-годишна девојка и многу "смајлиња" и срца.

"Имам 18 години и ова ми е последна година во училиште. Кога ја видов твојата фотографија на телевизија, почувствував голема привлечност. Имаш прекрасни очи, а пегите на твоето лице те прават неверојатно привлечен", стои во писмото пратено на 15. март.



Во останатите писма за поддршка стојат пораки од типот "Издржи таму и главата горе", или "Го задржувам своето право да се грижам за тебе".

Јавниот бранител и адвокатна Круз, Хауард Финклстин, вели дека неговиот клиент добил "брдо писма". Исто така, 800 долари биле уплатени на неговата затворска сметка која затворениците можат да ја користат за купување на грицки, чоколади, средства за лична хигиена и друго.

"Во своите 40 години служба како јавен бранител, никогаш не сум видел толку писма. Секој добива по некое, од време на време, но толку никој", рекол тој.



Како што објаснил, на Николас му прочитале неколку религиозни писма, но пораките од фановите и фотографиите не му ги давале.

"Ова посебно ме потресе затоа што станува збор за писма од обични тинејџерки, какви што гледате секој ден, од целата земја", рекол адвокатот.

No comments

Powered by Blogger.