Првоаприлски шеги кои ќе ве насмеат и можеби ќе ви послужат (фото)

Пишува: Црнобело

1-ви април е денот кога сите се подготвени да се пошегуваат и насмеат на туѓа сметка.



Секако, без лоша намера и без претерување, некои шеги се толку добри што со години се практикуваат.

Сепак, старите финти како менување на шеќер со сол и слично се веќе застарени, па има нови начини на кои луѓето приредуваат несакани изненадувања и ситуации за да се насмеат.

Следниве фотки од такви ситуации со сигурност ќе ве насмеат, а можеби и ќе ве инспирираат.

Совет: Не ги оставајте пријателите и колегите на цедило и секогаш бидете во близина откако ќе ги „насамарите“.
Испринтани слики од бубачки, изгледаат како вистински силуети кога ќе се вклучи столната лампа



Ова може да биде предизвик за колегите да стигнат до канцеларија


Исечете слика од нос на свиња и залепете ја на дното на омилената шолја на колегата


„Заврзете“ нечиј телефон со сите ластичиња што ќе ги најдете


Залепете интересен натпис на огледалото


Сменете ја тоалетната хартија со селотејп и посакајте среќа некому!


Или заврзете ја тоалетната хартија за некој да се помачи


Зголемето го „нивото на тежина“ на тоалетната школка


Или исценирајте посета од вонземјани во тоалетот


Заменете го семејниот портрет со фотографија од позната личност


Залепете игличка на внатрешниот дел од вратата и балон на ѕидот – кога некој ќе отвори ќе има изненадување



No comments

Powered by Blogger.