Како успеале: Полска е "новата Германија"

Пишува: Точка

Пред околу четвртина век Полска, како и останатите источноевропски земји, минала низ големи општествени и политички промени.




Државно контролираната економија ја заменила пазарната и Полска од тогаш го дуплирала реалниот БДП, а од 1992. има постојан раст кој не е прекинат ни во последната глобална криза, кога и најмоќните светски економии потонале во рецесија, па денес оваа држава многумина ја гледаат како "нова Германија", иден двигател на европската економија.

Таа транзиција, како и во другите слични земји, не одела лесно и безболно, бидејќи преминувањето на пазарна економија и конкуренција покажало дека дел од компаниите и некои цели сектори се неодржливи. Но, многу брзо, по само неколку години, по промената на начинот на функционирање на економијата и приватизации, започнал незапирливиот раст кој трае до ден денес.

Полската економија и пред кризата во 2008. година била една од најбрзо растечките, со просечен раст од 4,6 проценти. Кризата не ги сопрела Полјаците, биле единствена земја во ЕУ која избегнала рецесија и имала просечен раст од околу 3 проценти. Земјата која со децении стагнирала, сега е на пат да стане нов мотор на Европа.

Во врвот од глобалната рецесија, во 2009. година економијата на ЕУ паднала за 4,5 проценти, додека во Полска растела за 1,6 проценти. Кон крајот на 2013. година ЕУ се вратила на преткризното ниво, додека полската економија во тој период кумулативно пораснала 16 проценти.

Денес Полска е меѓу 10-те најголеми економии во Европа, пред се благодарение на моќниот приватен сектор. Пазарните реформи го довеле приватниот сектор во доминантна положба и тој сега има 80-процентен удел во извозот и вработувањето. Поради тоа, приватниот сектор можел да го апсорбира вишокот вработени во помалку продуктивните подрачја на јавниот сектор и имал важна улога во стабилизацијата на економијата.



Полскиот модел за развој се базирал на зголемување на продуктивноста, динамичен извоз, силна внатрешна побарувачка со оглед на тоа дека се голем пазар од речиси 40 милиони луѓе, а голема улога во се имале и странските инвестиции и одличното искористување на ЕУ фондовите.

Во Европската унија влегле во 2004. година, што им отворило пристап до ЕУ фондовите, но и пазар со речиси 500 милиони жители. Полскиот извоз минатата година изнесувал околу 221 милијарди долари, а најважни извозни пазари им се Германија, Велика Британија, Чешка, Франција, Италија...

Иако во почетната фаза на транзицијата имале проблеми со невработеноста, денес таа е многу ниска, само 4,4 проценти. Работната сила брои повеќе од 17 милиони луѓе, од кои повеќето, повеќе од 58 проценти, како и во сите развиени земји, работат во секторот за услуги. Во индустријата се вработени околу 30 проценти од луѓето, додека земјоделството вработува 11,5 проценти.

На економскиот развој влијаело и стабилното макроекономски окружение и одговорното управување со јавните финансии, па така Полска има јавен долг околу 53 проценти од БДП, што ја довело под европскиот просек.

Дека константно ја подобруваат бизнис климата е видливо и од позицијата на табелата на "Doing Business", на која од 2009. година скокнале од 72. на 27. место.

No comments

Powered by Blogger.