Нови фотки од третото кралско дете заедно со принцезата Шарлот

Кејт Мидлтон неодамна се породи со нејзиното трете дете, а цел ден сите фанови чекаа да се појават пред болницата.

Пишува: Црнобело



Неколку часа по породувањето, таа и принцот Вилијам излегоа пред болницата заедно со нивното синче, каде сите можеа да го видат за првпат третото кралско дете.




Сега, на официјалниот Инстаграм профил на Кенсингтонската палата се објавени две нови фотки од новородениот принц.

Едната фотка каде принцот Луис лежи сам е направена од Кејт на 26-ти април, а на другата од 2-ри мај, може да се забележи како неговата сестра, принцезата Шарлот, го бакнува во чело додека спие.
Неколку дена по породувањето, на официјалниот Твитер профил тие споделија дека малиот принц ќе се вика Луис Артур Чарлс.

No comments

Powered by Blogger.