Според хороскопскиот знак: Зошто луѓето чувствуваат страст, но не се вљубуваат во вас?

Пишува: Црнобело

Раковите прерано покажуваат емоции, па од себе ги бркаат луѓето, додека директниот пристап на Јарците може да го исплаши секој кој е во потрага по нешто повеќе.



Дали сте свесни зошто луѓето кои кон вас чувствувале страст, по извесно време се повлекле?

Хороскопот ви открива:

Овен

Луѓето чувствуваат страст и физичка привлечност кон вас бидејќи сте енергични и постојано подготвени за забава. Зрачите со флертувачка енергија и полни сте хумор. Вашата опушеност и отворените мисли ги тераат луѓето да мислат дека не сте во потрага по ништо сериозно.

Бик

Луѓето тешко се вљубуваат во вас, бидејќи изгледате одлично, но сте малку напорни кога се работи за нешто посериозно. Секогаш изгледате беспрекорно и немате моменти кога сте несредени, па тоа ги тера луѓето да ве перципираат како човек кој се труди да освои со физичкиот изглед, па внатрешната убавина секогаш ви пропаѓа во втор план.
Близнаци

Луѓето лесно чувствуваат страст кон вас бидејќи сте забавни, но и непредвидливи. Човек никогаш не знае на што е со вас. Една вечер сакате мирна вечер помината дома со филм и гушкање, а веќе следната сте застанати на шанк и упатувате комплименти на секој минувач од спротивниот пол. Непредивливоста ги тера луѓето да развијат само површни емоции кон вас.
Рак

Луѓето тешко развиваат емоции кон вас, бидејќи сте претерано добри и емотивни. Ретко кој може да одолее на вашата симпатична личност, но бидејќи не знаете да ги скриете чувствата, луѓето бегаат од вас бидејќи им се чини „прерано“. Сложени сте и многумина попрво би биле со вас само повремено, наместо постојано.
Лав

Луѓето чувствуваат страст кон вас бидејќи давате слика на самоуверена личност, но самоувереноста после извесен период почнува да ги одбива. Секогаш мислите дека сте во право и тоа ги спречува другите да развијат емоции. Додека имате физичка привлечност, немате доволно љубезност за да ги задржите луѓето долгорочно.
Девица

Луѓето чувствуваат страст кон вас бидејќи сте екстремно љубезни, а љубезноста честопати се меша со флерт. Од друга страна, невозможно е некој да се заљуби во вас бидејќи постојано сте несигурни и нељубезни кон себе, па постојано се споредувате со некого и нешто. Сомневањето во себе ги спречува луѓето да развијат емоции кон вас.

Вага

Луѓето ги привлекувате благодарение на шармот, но по извесно време тој не е доволен за да ги задржите. Лесни сте за разговор и разбирање, но премногу барате за да се зближите со некој. Не сакате да бидете сами, па лесно станувате зависни од потенцијалниот партнер, што не е привлечно.
Скорпија

Луѓето чувствуваат страст кон вас бидејќи не се плашите да го кажете она што го мислите. Се цени вашата искреност, но вашата љубомора ви создава проблеми. Често сте љубоморни зошто другите имаат нешто повеќе од вас, и тоа никако не е симпатично и привлечно.
Стрелец

Луѓето чувствуваат страст и физичка блскост со вас бидејќи имате теми за разговор, благодарение на авантуристичкиот дух и работите кои сте ги направиле во животот. Желбата за истражување и немирниот дух ви помага да се поврзете со луѓето, но не за долго. Сите веднаш помислуваат дека не барате ништо сериозно и поради тоа не нудат емотивно поврзување.
Јарец

Луѓето имаат страсни мисли кон вас бидејќи точно знаете што сакате и не се плашите тоа да го побарате. Упорни сте кога сте заинтересирани, но исто така не се плашите да кажете кога не сте. Не знаете да лажирате емоции и тоа честопати ги пресекува туѓите емоции. Љубовта не ви е приоритет во животот и токму поради тоа луѓето се плашат да развијат нешто повеќе од страст.
Водолија

Луѓето развиваат привлечност кон вас бидејќи сте мистериозни. Интелигентни сте и постојано сакате да учите нови работи, но исто така сте и многу резервирани и скептични, поради што другите не знаат како да се однесуваат во ваша близина. Потребно е челично трпение за страста да се претвори во љубов со вас.
Риби

Луѓето чувствуваат страст бидејќи се гледа дека вие самите вложувате страст во сè што правите. Сакате да раскажувате за забавните искуства и хобија кои ги имате, па тоа на моменти може да ги исплаши другите и да почувствуваат дека не се доволно „кул“ за вас. Почесто ве доживуваат како инспиративна муза за која би пишувале песни, отколку да ја планираат иднината со неа.

No comments

Powered by Blogger.