Како семејството на Меган Маркл може да остави темна дамка на кралската свадба?

Пишува: Црнобело

Нејзината полусестра Саманта е очајна за медиумско внимание и пишува книга за Меган, а нејзиниот полубрат Томас ја обвинува за проблемите со свршеницата.



Меган Маркл ќе стапи во брак со еден од најпосакуваните ергени на светот, принцот Хари, но нејзиното семејство, кое очајно сака внимание во медиумите, може да фрли сенка врз нејзиниот голем ден.

Ова особено важи за нејзината полусестра Саманта, со која Меган има ист татко.



Причини поради кои семејството на Меган може да фрли темна дамка врз нејзината свадба:
Полусестрата на Меган ќе раскаже сè за Меган во книга

Полусестрата на Меган, Саманта Грант, која е постара од неа, постојано дава интервјуа и зборува за Меган. Таа дури ќе објави и книга, а медиумите ја најавуваат како „Diary of Princess Pushy’s Sister“.

Но, двете изгубиле контакт во последната деценија, па Саманта нема да има сочни детали од овој период на животот на Меган. Таа вели дека ќе ја раскаже историјата на семејството Маркл.



Полусестрата на Меган со месеци дава негативни интервјуа

Саманта негира дека ја оцрнува Меган во интервјуата, но досега таа за неа изјави дека е нарцисоидна личност и личност која по секоја цена сака да се искачи на социјалната скала односно дека е „Princess Pushy“. Исто така, изјави дека Меган се срами од неа затоа што таа е во инвалидска количка.

Саманта вели дека и името на книгата е само измислица и исмејување од медиумите и дека книгата не е во негативен контекст, туку е топла и полна со почит кон Меган.



Полусестрата на Меган ја нервираат коментарите на принцот Хари за семејството Маркл

Во првото интервју со Меган, принцот Хари изјави дека кралското семејство за Меган претставува семејството кое никогаш го немала.



Изреволтирана од ова Саманта изјави дека Меган има големо семејство кое секогаш било и ќе биде тука за неа. Меган пораснала со Саманта и полубратот Томас, но веќе десетина години се отуѓени.



Полубратот на Меган ја искористи свршувачката како причина за тепачка и апсење

Постариот полубрат на Меган Маркл, Томас Маркл Џуниор, беше уапсен поради жесток конфликт со неговата свршеница. Како наводна причина за судирот Томас ја наведува свршувачката на Меган и вели дека не е лесно кога имаш проблеми, а полусестрата ти ќе се мажи со принц.

Тој додава дека бил под голем стрес поради вниманието, па се напил некоја чашка алкохол плус за да се релаксира и дошло до проблем.


Семејството на Меган, со исклучок на мајка ѝ, можеби нема да биде покането на свадбата

Меган и Хари поканија илјадници луѓе, но Саманта и Томас сè уште не се одобрени на листата на гости.

Тие изјавија дека би им било задоволство да бидат дел од нејзиниот голем ден, но сепак дека одлуката останува на неа.



Хари не разговара многу со таткото на Меган

Во една пригода Меган изјави дека Хари разговарал телефонски неколку пати со нејзиниот татко, но сè уште немале можност да се сретнат. Во медиумите се пишуваше дека парот треба да оди во Мексико на средба со таткото на Меган, но дали се изреализирал планот е непознато.

Инаку, таткото на Меган изјави дека е пресреќен за ќерка си и дека Хари е вистински кавалер.


Мајката на Меган ќе ја испрати до олтарот, а не нејзиниот татко

Наместо според традицијата татко ѝ да ја испрати, Меган најверојатно до олтарот ќе ја испрати нејзината мајка Дориа.

И принцот Хари ја обожава мајката на својата идна сопруга.


Родителите на Меган се разведени, а татко ѝ прогласил банкрот

Родителите на Меган се развеле кога таа имала само шест години. Нејзиниот татко Том потоа со години минувал низ финансиски проблеми, а во 2016 година прогласил банкрот.

Саманта во една пригода ја критикуваше Меган што не му помагала финансиски на татка си, а носела вртоглаво скапи фустани.



Меган со сестра си последен пат се видела во 2008 година, а зборувале на телефон последен пат кон крајот на 2014 година. Единствен член од семејството со кој е блиска е нејзината мајка Дориа.







No comments

Powered by Blogger.