Сцена што ретко се гледа: Двајца кавалери „кренаа прашина“ во Хрватска и Србија (фото)

Во рок од едно деноноќие, две идентични глетки осамнаа на интернет порталите во регионот. Првата е направена во центарот на Загреб, додека втората е во Белград. 

Пишува: Црнобело



По сѐ изгледа, машко-женските односи се жешка тема за дискусија во државите од поранешна Југославија. Лавината од реакции што ја предизвикаа неодамна прикажаните фотографии во јавноста, претставуваат уште една потврда дека е така. Овојпат, причината е мошне симпатична.



„Сѐ за да ѝ угоди на жената!“, „Несекојдневен гест на кавалер од Загреб“ и „Тоа е љубов!“ се само дел од насловите, со кои хрватските медиуми ја споделија веста за фраерот што се наведна на градскиот плоштад, како би ѝ ги заврзал патиките на својата девојка.

Објавувајќи ги фотографиите од оваа сцена што ретко се гледа, повеќето од нив заклучија дека тоа е вистински кавалер, па го почестија со комплименти, аплаузи и пофалби на негова сметка.



Нанижа илјадници лајкови на порталите и беше сензација на социјалните мрежи, па се чини дека со ваквиот потег, дечкото ги „купи“ поголемиот дел од хрватските граѓани. Се разбира – секогаш постојат и исклучоци.



Неколку часа подоцна, истата сцена беше забележана и во Белград. Случајно или намерно, ја постираше локален жител на својот профил, а наскоро ја пренесоа и српските медиуми, откривајќи дека авторот на фотографијата бил „длабоко потресен“ од глетката.

„Еве до каде нѐ доведе тој ваш феминизам. Некогаш жените им ги миеја нозете на мажите, а сега ние мора врвките да им ги врзуваме.“, стоеше во неговиот опис на сликата.



Наиде на низа остри критики, а многумина се потрудија да му објаснат дека момчето на фотката е пример како еден маж треба да се однесува кон жените. Од друга страна, имаше и такви кои се сложија дека на посилниот пол не му прилега да биде во „потчинета“ улога.



Во очекување сме и на првиот Македонец што ќе се охрабри да им се придружи. Дотогаш, споделете ни го вашето лично размислување за ваквиот гест во коментари.

No comments

Powered by Blogger.