Нова теорија на заговор: Ангела Меркел, Тереза Меј, директорката на ЦИА и претседателката на Литванија се школски пријателки


Пишува: Точка

Оригиналната фотографија е објавена во списанието "Time", во статија за животот на германската канцеларка откако во 2015. година ја освоила титулата "Личност на годината".

Ангела Меркел по четврти пат, и веројатно последен, станала канцеларка, па занимливостите од нејзиното минато повторно станале актуелни. Овие денови на интернет испливала црно-бела фотографија од младата Ангела Меркел со пријателки од училиште, а натписите под неа во главно наведуваат дека покрај канцеларката се и британската премиерка Тереза Меј и новата директорка на ЦИА, Џина Хаспел. Во другата верзија со Меркел и Меј е литванската претседателка Далија Грибаускајте.

Ултимативен доказ

Секако, оваа фотографија е ултимативен доказ дека постои голем заговор кога станува збор за светската политика и "владите од сенка". Натписите под оваа фотографија се во главно исти - "Дали мислите дека е ова случајно?".

Изгледа дека лидерките оделе во исто училиште специјално направено за да се покори светот. На фотографијата навистина се наоѓа младата Ангела Меркел, прва од лево, но другите две не се Тереза Меј и Џина Хаспел.

Оригиналната фотографија е објавена во списанието "Time", во статија за животот на германската канцеларка откако во 2015. година ја освоила титулата "Личност на годината". Под оригиналната фотографија, во "Time". пишува: "Ангела Казнер (18) со пријателки на прослава на Нова година 1972". Казнер е моминското презиме на германската канцеларка.

CNN имал сличен опис на фотографијата во својата фото-галерија посветена на Меркел. Не е познато кои се другите две девојчиња на фотографијата, но никако не се споменатите лидерки.

Меркел, Меј, Хаспел и Грибаускајте се на слична возраст. Меркел е родена во 1954. година, Меј, Хаспел и Далија во 1956. Сепак, малку е веројатно дека светските лидерки се познаваат од мали нозе. Сите пораснале во различни земји - Германија, Велика Британија, САД и Литванија и оделе во различни училишта и универзитети.

Исто така, фотографијата од младата Тереза Меј, направена во 1971. година - само една година пред спорната фотографија - а која можете да ја најдете на интернет, јасно покажува дека девојчето покрај Меркел не е актуелната премиерка на Велика Британија

No comments

Powered by Blogger.