8 работи што ќе се случат кога Кејт Мидлтон ќе го роди третото дете, според кралската традиција

Кејт Мидлтон најверојатно ќе биде фотографирана само неколку часа по породувањето, ќе се пука со топ, а името на бебето ќе биде објавено по два дена.

Пишува: Црнобело

Очекувањето на новото бебе во британското кралско семејство не носи возбуда само во животот на неговите родители, туку и општа возбуда во Велика Британија, па и светот.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го очекуваат третото дете во април, а кога тоа ќе пристигне, постојат одредени правила и кралски традиции кои мора да ги следат.

Што ќе се случи кога ќе се роди бебето?
Кралицата Елизабета од родителите прва ќе дознае дека бебето се родило.

Принцот Вилијам преку специјално заштитен телефон веднаш ѝ се јавил на баба си кога се родил принцот Џорџ, па најверојатно така ќе биде и овојпат.



Гласноговорник ќе ја објави веста за раѓањето пред јавноста.

Оваа работна позиција потекнува уште од времињата кога луѓето не знаеле да читаат и пишуваат. Tony Appleton е човекот што ги објави вестите за раѓањето на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.


Веста ќе биде отпечатена и ставена на триножник пред Бакингемската палата.

Во духот со модерните времиња Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ова ќе го сторат и на Твитер профилот на Кензингтонската палата, како што сторија со најавата за раѓањето на претходните две деца.


Од кулата во Лондон ќе се пука со топ.

Со ваков потег се слават и други пригоди, како што е роденденот на кралицата Елизабета и некои празници.



Кејт Мидлтон ќе ги поздрави новинарите неколку часа по породувањето.

Само неколку часа по породувањето Кејт Мидлтон со совршена шминка и фризура ќе излезе од болницата и ќе има средба со новинарите и фоторепортерите, кои кампувале пред болницата чекајќи ја убавата вест.

Кружат гласини дека Кејт сака да се породи дома со третото дете за да има малку повеќе приватност.


Името на бебето нема да биде објавено веднаш.

За објавувањето на имињата на двете деца Кејт и Вилијам чекаа по два дена. Нивните целосни имиња се George Alexander Louis и Charlotte Elizabeth Diana.


Крштевката на бебето ќе биде неколку седмици потоа.

Ќе биде приватен настан на кој не е дозволено присуство на медиумите. Јавноста не го виде крштавањето на принцот Џорџ, но медиумите сепак беа пред црквата при крштавањето на Шарлот.


Бебето ќе ја носи истата облека за крштевки, како и многу кралски бебиња пред него.

Ова ќе биде осмо кралско бебе што ќе го носи моделот со тантела од 1841 година, дизајн направен за кралицата Викторија.


No comments

Powered by Blogger.