Совршениот пар има криза во бракот? 7 факти за односот на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Тие веќе со месеци не прикачуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, но сега за сега тврдат дека гласините за кризата во нивниот брак се невистинити.

Пишува: Црнобело

Периодов кружат гласини дека бракот на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли не минува низ најдобри мигови. Но, 41-годишниот актер ги негираше гласините дека со 30-годишната сопруга се борат за да минат квалитетно време заедно.

Ова се случи само една седмица откако парот, кој подолго време го немавме видено на црвениот килим заедно, се појави на премиерата на филмот „Final Portrait“.



Тие се еден од омилените холивудски парови кој зрачи со љубов на јавните појавувања.

Некои факти за нивната врска:

Гласини за неверство на Рајан

Рајан и Блејк изгледаат како совршен пар, но имаше гласини за неверство од страна на Рајан со актерката Morena Baccarin, ко-ѕвездата од филмот „Deadpool“.

Масло на огнот додадоа нејзините изјави за медиумите во кои има тон пофалби за Рајан, од тоа дека е паметен до тоа дека е прекрасно да се биде во негово друштво.


Блејк ја забави својата кариера, додека Рајан ја интензивираше

Тие имаат две деца и иако Блејк сосема не се откажа од кариерата, таа прифаќа многу помалку улоги.

Од друга страна, листата на нови филмови на Рајан е навистина долга.


Блејк е искрена за врската

Во една пригода Блејк изјави „Го сакам во најголем дел од времето...“ и порача дека не сакаат да креираат лажна слика на совршен пар без апсолутно никакви проблеми.



Рајан не е заинтересиран многу за љубовта кон модата на Блејк

Тој вели дека Блејк знае како да блесне на црвениот килим како Бијонсе, но дека целата процедура за да стигне до тоа е страшна за очи.

Комплетно растурен гардеробер, спална соба, дневна соба, кујна, облека има фрлено насекаде.


Рајан не е воопшто љубоморен

Рејнолдс вели дека не е воопшто љубоморен дури и кога неговата сопруга глуми интимни сцени со колеги на филм.

Тој вели дека знае дека во позадина има огромна екипа од која некои членови се гладни, уморни и само сакаат да си одат дома, па нема ништо секси во снимањето на вакви сцени.


Рајан ретко се шегува на Твитер во последно време

Актерот е познат по неговите шеговити објави на Твитер, кои често стануваат вирални, но во последно време изгледа дека не е многу инспириран.


Блејк нема прикачено фотографии од сопругот на Инстаграм од 2017

Од нејзиниот роденден во октомври минатата година Блејк нема прикачено фотографија со Рајан.

Иста е ситуацијата и со Инстаграм профилот на Рајан, каде повеќе не гледаме фотки од Блејк.

No comments

Powered by Blogger.