Памукале: 5 работи кои треба да ги знаете за турското природно чудо

Пишува: Точка

Памукале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памукале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли.

Во прилог прочитајте ги 5 важни работи кои треба да ги знаете за турското чудо на природата.

1. Памукале во директен превод значи памучна палата или двор од памук. Името го доби пради неговата бела тераса потсетувајќи на плантажите од памук кои се многу чести во Турција.



2. Комплексот е долг 2000 метри, а широк околу 600 метри. Тој настанал како последица од земјотресот во долината на реката Мендерес. Преливањето на минералната вода и таложењето на минерали ги создадоа прекрасните базени исполнети со магична сина течност во која на туристите им е дозволено капење.



3. Памукале вклучува 17 минерални извори чија температура варира од 35 до 100 степени Целзиусови. Базените се сместени еден под друг, а тие се сместени на севкупна висина од околу стотина метри.



4. Во 2 век пред Христос покрај Памукале е изграден бањскиот град Хиераполис, а денес се останати остатоци од староримската градба, споменици и храмови.



5. Памукале заедно со Хиераполис е ставен на листата за светско наследство нa УНЕСКО во 1988 година.





No comments

Powered by Blogger.