10 типови храна со кои треба да се збогувате ако сакате рамен стомак

Мајонезот не смеете ниту да го погледнете, а алкохолот избегнувајте го затоа што ви предизвикува чувство на глад.

Пишува: Црнобело

Дали и вас ве мачат масните наслаги на стомакот? Патот до рамен стомак е навистина тежок и дури и да ви изгледа безнадежно не смеете да се откажувате.

Мора да се збогувате од одредени продукти ако сакате рамен стомак:
Продуктите „без шеќер“ – Колачињата без шеќер во супермаркетот содржат состојка што е замена за шеќер за дијабетичарите.



Храна што предизвикува подуеност – Грав, месо, ориз? Различен тип храна предизвикува подуеност кај различни луѓе. Откриете кои продукти ви пречат вас и прескокнете ги.


Сладолед – Богат е со шеќери и организмот го складира како маст во телото.


Помфрит – Од овие маснотии е најтешко да се ослободите затоа што бавно се разградуваат.


Мајонез – Мајонезот е полн со калории и не смеете ниту да го погледнете. Во салатите заменете го со сенф.


Брза храна – Ова е вистински кошмар за организмот. Дебелее и не е здраво.


Сол – Солта ја задржува водата во организмот, го зголемува крвниот притисок и ве дебелее. Намалете ја во исхраната колку што можете повеќе.


Гуми за џвакање – Кога земате гума за џвакање од устата до мозокот пристигнува сигнал дека доаѓа храна, па се ослободуваат дигестивни киселини и чувствувате глад.


Газирани и енергетски пијалаци – Ова е многу шеќер и непотребни калории. Прескокнете ги.


Алкохол – Колку повеќе алкохол, толку погладни се чувствувате. Вашиот мозок е збунет и испраќа сигнали до стомакот. Исто така, често грицкате кога консумирате алкохол.
10-tipovi-hrana-so-koi-treba-da-se-zboguvate-ako-sakate-ramen-stomak-11.jpeg

No comments

Powered by Blogger.