Бикот се грижи за другите, Ракот ќе се удави во солзи и храна - какви се знаците кога се во „депресија“?

Сите различно реагираме во различни ситуации и не секој се соочува подеднакво добро со стресот.


Пишува: Црнобело

Ова нормално важи и за хороскопските знаци. Некои се послаби, други пак посилни кога се соочуваат со животните предизвици.

Едните излегуваат како победници, а на другите им треба малку повеќе време да се изборат до темните депресивни денови.

Како вие излегувате на крај со депресијата и сивилото?

Овен

Овенот дејствува агресивно и ќе ги нападне дури и оние кои се најмалку виновни за неговата состојба, без најмала провокација.

Ќе сака да биде опкружен со луѓе мислејќи дека така побрзо ќе се избори со депресијата, но луѓето нема да сакаат да се во близина на намуртениот Овен.
Бик

Бикот ќе ја рефлектира својата депресија врз другите околу него и ќе даде сè од себе да се погрижи за нив. На кратко дури и ќе се убеди дека има сојузници во овој процес, дека и другите се исто толку несреќни како него и дека не е сам.
Близнаци

Најдобриот лек против депресијата за Близнаците е работата. Тие ќе си го пополнат времето со обврски до последната минута додека не се изборат со негативните мисли.
Рак

Ракот ќе се затвори во собата и откако добро ќе се најаде и исплаче, задолжително ќе побара помош и поддршка од семејството и пријателите. Можно е да се заборави во играњето друштвена игра додека буквално не му се приспие, а утредента да нема никаква трага од тагата.
Лав

Лавот нема ништо против кога луѓето го сожалуваат, бидејќи и на тој начин ќе го добие вниманието кое толку многу го посакува. Ќе организира голема забава каде што ќе очекува сите да му бидат благонаклонети и постојано на услуга.
Девица

Методичната прагматична Девица ќе се убеди самата себе дека овие чувства на негативност се ирационални и лажни и дека наскоро ќе поминат, сè додека не им обрнува премногу внимание и не мисли на нив.

Вага

Вагата ќе излезе надвор од дома, ќе се дружи со многу различни луѓе, а не е исклучена и можноста за патување, бидејќи смета дека промената на локацијата и дружбата се најдобрите лекови против депресија.

Скорпија

Скорпијата намерно ќе продолжи да тоне надолу сè додека црнилото и негативноста целосно не го уништат. На тој начин смета дека ќе се издигне како Феникс од пепелта и ќе се врати уште посилен и помудар од претходно.
Стрелец

Стрелците никогаш нема да ви признаат дека се депресивни. Наместо тоа ќе се посветат на секој можен начин да се усреќат и развеселат, бидејќи не се навикнати да тагуваат и да патат во самотија.
Јарец

Ќе се изолира и ќе крене одбранбен штит за сите околу него. Можно е некое време да биде во заблуда за она што му се случува додека не го допре дното со своето деструктивно донесување. Јарците се најмногу склони кон депресија од сите 12 хороскопски знаци.
Водолија

Водолијата ќе дава куси ДА/НЕ одговори во врска со промените кои ѝ се случуваат, а ќе реагира бурно и жестоко најчесто врз саканите лица. Подоцна ќе се извини за своето однесување и навистина ќе чувствува грижа на совест.
Риби

Рибите имаат тенденција да западнат во фаза на целосно одрекување на реалноста кога се во депресија. Сите кои имаат спротивно мислење на нивното едноставно „не ги разбираат“ и не се достојни да бидат дел од нивното одбрано друштво.

No comments

Powered by Blogger.