Истанбул и Сингапур прогласени за најдосадните градови на светот

Пишува: Точка

Како најзабавен град на врвот на листата се најде Чикаго, а после него следуваат Порто и Њујорк. Најважните фактори за изборот биле гастрономската и културната природа, љубезноста, среќата и чувството на задоволство.

Доколку може да му се верува на британскиот магазин "Time Out", Сингапур и Истанбул се најдосадните и најмалку возбудливите градови на светот. И додека Истанбул не се грижи за овие вести, на Сингапур ова и тоа како не му се допадна.



Имено, листата "City Life Index 2018" беше објавена откако биле анкетирани 15 илјади луѓе, кои го прогласиле Истанбул за најдосаден град, а Сингапур се најде веднаш после него.


На врвот на листата за најзабавни градови се најде Чикаго, а потоа следуваат Порто и Њујорк. Најважните фактори за изборот биле гастрономската и културната понуда, љубезноста, среќата и чувството на задоволство.



Што се однесува за Сингапур, анкетираните ја пофалиле безбедноста и јавниот превоз, но многумината дале ниски оцени за културната понуда, а само 17 % од анкетираните изјавиле дека во Сингапур секогаш може нешто да се прави и да се посети.



Ова предизвика лутина кај Сингапурската туристичка заедница која на својата Фејсбук страница објавила видео од 56 секунди со иронична порака "Сингапур е досаден, овде нема што да посетите".



Во видеото се прикажани трките на Формула 1, филмските студија, научни и уметнички музеи, но снимки и од ресторанот кој ја носи Мишелиновата ѕвезда.







No comments

Powered by Blogger.