Близнаците многу флертуваат, Скорпиите се љубоморни: Зошто партнерите ви раскинуваат, според хороскопот?

Некои хороскопски знаци се неверни, други егоистични, трети премногу тврдоглави... Откријте поради кои ваши карактерни особини врските ви пропаѓаат.

Пишува: Точка

Многу врски завршуваат од различни причини, но колку и да боли, разделбите се нормален дел од животот.

Сепак, ако постојано ви се случува тоа и чувствувате дека немате среќа во љубовта, можеби одговорот се крие токму во вашиот хороскопски знак.

Кои карактерни особини на хороскопските знаци ги одбиваат партнерите:

Овен – себични и премногу независни

Имате добрина во вас, но премногу сте окупирани со себеси за да ѝ дозволите да блесне од вас. Затоа често другите ве проценуваат како арогантни.

Исто така, многу сте независни и си ја сакате слободата, па партнерот чувствува како за него никогаш да нема место во вашиот набиен распоред. Огнената природа прави да ве гледаат како несериозна личност, непогодна за долги врски.
Бик – тврдоглави и не простуваат

Вие сте многу лојални, но и многу тврдоглави. Имате високи, често дури и нереални, очекувања од партнерот и кога тој прави грешка тешко ви е да му простите и да заборавите.

Дури и ако ви се извинат не знаете вистински да простите, па гневот врие во вас. Негативноста ги оттурнува од вас луѓето што ве сакаат.
Близнаци – непостојани и флертувачки настроени

Имате слободен дух. Флертувачки сте настроени и луѓето брзо ви стануваат здодевни. Вниманието не може да ви го задржат долго и постојано сакате нови работи.

Вашата непостојана природа прави партнерите да се прашуваат дали сте сериозни за врската со нив. На крајот, тие одлучуваат да ви раскинат, пред да имате шанса вие да си заминете од нив.
Рак – плачковци

Вашата чувствителност понекогаш може да биде премногу за партнерот. Сè си ставате на срце и се повредувате себеси во процесот.

Вашата голема емотивност е напорна за потенцијалните партнери, особено ако тие не се емотивни како вас, па често одлучуваат дека е подобро да ве остават, отколку да ве повредат со нивното „бесчувствително“ однесување.
Лав – егоистични и напорни

Познати сте по лојалноста, но вашата егоистична природа и потребата постојано да бидете во центарот на вниманието може да ги одбие потенцијалните партнери.

Исто така, во врска знаете да бидете малку напорни со вашите потреби и барања. За партнерот може да биде премногу тоа што постојано од него очекувате да ви демонстрира љубов и посветеност.
Девица – здодевни перфекционисти

Вашата перфекционистичка природа и желбата за совршенство ги оттурнуваат партнерите од вас. Исто така, вие не сте романтична личност. За вас, љубовта е практична. Сакате на партнерот да му давате наредби за тоа какви сакате да бидат работите.

Перфекционистот во вас може да го натера партнерот да си замине затоа што чувствува дека не може да се вклопи во вашиот „совршен“ свет.

Вага – нефокусирани и непосветени

Вашата огромна љубопитност и авантуристичка природа прават да бидете посветени на многу различни работи. Посветеноста на многу работи понекогаш прави да бидете нефокусирани и да заборавате на врската.

Затоа вашиот партнер се чувствува запоставен. Тој мисли дека врската не е на вашата листа на приоритети и затоа си заминува.
Скорпија – екстремно љубоморни

Вие сте многу страстни, но понекогаш токму огнената природа ве прави екстремно љубоморни, особено ако чувствувате дека не можете да го контролирате вашиот партнер.

За вас нема средина кога сте во врска. Или сакате премногу и го гушите партнерот или не го сакате воопшто и врската ја осудувате на пропаст.
Стрелец – неверни авантуристи

Вашата смела авантуристичка природа ги плаши потенцијалните партнери. Тие чувствуваат дека не можат да држат ритам со вашето темпо.

Секогаш сте подготвени за акција и за запознавање на нови луѓе, што ве прави склони кон неверства или кон тоа лесно да донесете одлука да го замените со нов. Ова прави партнерот да се чувствува несигурно со вас и поради тоа да ве остави.
Јарец – студени материјалисти

Ретко ги покажувате емоциите. Понекогаш се однесувате како робот и главниот фокус во животот ви е кариерата. Опседнати сте со богатство и успех.

Вашиот партнер често се чувствува изоставено и недоволно сакано. Фактот што не го цените партнерот прави тој да ве напушти.
Водолија – непогрешливи кавгаџии

Вие сте неверојатно паметни, но желбата секогаш да бидете во право ги нервира луѓето. Вашата потреба да се покажете и да ги надмудрите другите може да го одбие партнерот.

Поради оваа своја карактеристика често влегувате во конфликти, па ви го лепат епитетот „кавгаџии“. Вашиот начин на функционирање им е напорен на партнерите и затоа ве оставаат.
Риби – несопирливи сонувачи

Вие ги давате срцето и душата на личноста што ја сакате. Живеете во идеален свет на фантазиите и на филмските романси.

Ова може да ве доведе до нереалистични очекувања од партнерот и да направи тој да се чувствува дека не е доволно добар за вас. Вие секогаш сакате повеќе и ниту една негова постапка не ви е доволна.

No comments

Powered by Blogger.