Дали ова е новиот холивудски пар, ќерката на Мајкл Џексон во врска со една од најубавите жени на светот?

Пишува: Точка

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон и славната манекенка Кара Делавин веќе со денови поминуваат време заедно, а фотографиите на кои се држат за раце поттикнале сомнежи дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Како што пишуваат светските медиуми, Парис и Кара се запознале минатата година на доделувањето на музичките награди MTV, а потоа биле забележани како напуштаат еден од клубовите држејќи се за раце.



И речиси кога приказната за нив две се смири, убавиците повторно биле забележани во Лондон заедно. Познато е дека тие две биле заедно на вечера, а потоа отишле на концерт и на крајот заедно се упатиле кон хотелот.



"Дејли Меил" пишува дека Парис и Кара се многу блиски, а пример за тоа е што ќерката на кралот на поп музиката објави на Инстаграм заедничка фотографија од нивното патување во Лондон.



На фотографијата, Парис во рацете држи ружа, додека Кара позира со бејзбол капа.

No comments

Powered by Blogger.