Бикот не слуша туѓо мислење, Лавот не заборава никогаш - лоши навики од кои знаците не може да се ослободат

Секој од нас има минимум една лоша навика од која не може да се ослободи. Прилично тешко е да се признае понекогаш дека станува збор за лоша навика, бидејќи таа е дел од нашето секојдневие и карактер.

Пишува: Црнобело



Генерално, луѓето ги воочуваат туѓите лоши навики многу полесно отколку сопствените.

Кои се вашите лоши навики според хороскопскиот знак?

Овен

Навистина е тешко да не го забележите Овенот во една просторија или толпа–тој е оној кој зборува најгласно од сите, а неретко и намерно се надвикува.

Една од полошите навики е што скоро никогаш не одговара на пораката во моментот кога ќе ја прочита, а подоцна веќе заборавил дека истата постоела.
Бик

Биковите одбиваат да слушнат чие било туѓо мислење кога се убедени дека се во право. Тие ќе се преправаат дека ве слушаат, додека си медитираат во себе или пак арогантно ќе го свртат погледот на другата страна.

Една од полошите навики кои ги карактеризираат Биковите е тоа што не може да престанат со зборување додека трае филмот, а подоцна немаат желба да кажат ниту збор по завршувањето на истиот.
Близнаци

Познати како едни од најголемите брборковци, Близнаците ретко ќе им дадат шанса на другите да го искажат своето мислење.

Воедно, тие премногу брзо ги оценуваат луѓето и се водат по правилото дека „првиот впечаток е најважен и не може да се поправи“, додека не внимаваат на сопствениот кој го оставаат врз другите.
Рак

Раковите се скриени драма-кралици кои претеруваат околу најмалите ситници. И од убавото и од лошото тие си прават драма.

Тие се сепак едни од најсилно заштитнички поставени знаци кога се работи за саканите. Толку многу сакаат да ги заштитат по секоја цена, што се во состојба да ги задушат со љубов и внимание.
Лав

Простуваат, но никогаш не забораваат. Токму кога ќе помислите дека сте на сигурен терен, Лавот ќе ви „откопа“ грешка од минатото со која ќе ве натера да се засрамите.

Лавовите се едни од најталентираните глумци во Зодијакот. Ќе ве убедат дека немаат ништо против околу некоја одлука и дека сè е во ред, додека длабоко вријат во себе, а однадвор се смешкаат.
Девица

Бараат сè да биде беспрекорно чисто и во најдобар ред. Толку многу се опседнати со редот, што неретко им одат на нерви на сите околу нив.

Девицата, исто така, особено долго ја премислува секоја своја одлука и премногу време поминува во анализирање на мислите, процес што секако мора да го сподели со своите најблиски додека не ги излуди со своите длабоки детални опсервации.

Вага

Вагите импулсивно може да потрошат многу пари. Сосема веројатно е да излезат само по леб, а да се вратат со половина камион работи и да ја потрошат платата за само еден ден.

Понекогаш им е потребно навистина многу време да донесат некоја одлука. Имаат обичај да се консултираат со сите околу нив, па кога ќе пресечат по свое умеат да кажат – Добро што не те послушав, или Знаев дека ќе испаднам јас во право.

Скорпија

Не веруваат никому додека тој истиот не се покаже и докаже како добар и лојален пријател. Треба да поминете стотина тестови за да ѝ станете пријател на една Скорпија.

Откако конечно ќе им се прилепи за срцето, Скорпиите стануваат неверојатно посесивни и очекуваат туѓите животи да се вртат само околу нив.
Стрелец

Кој е кралот на импулсивните одлуки? Секако, Стрелецот. Внимателно скроените планови не се нивната силна страна и тие живеат во моментот, буквално „од ден за ден“.

Најчесто ја кажуваат вистината в лице онаква каква што е, а подоцна се прашуваат каде погрешиле и зошто луѓето не им зборуваат.
Јарец

Јарците се оние типови луѓе кои секогаш ја вртат книгата одзади, за да видат што ќе се случи на крајот.

Мислат дека може да контролираат сè што ќе им се случи во животот, а главниот одбранбен механизам им е сарказмот кој го употребуваат толку често, што луѓето не може да сфатат дали се сериозни или се шегуваат.
Водолија

Имаат тенденција да се исклучат за време на разговорот и да западнат во некоја своја медитативна состојба на транс. Подоцна не се ни сеќаваат за што сте зборувале.

Воедно, никогаш не заспиваат во истото време, па прилично тешко е да се водите според нивниот сопствен распоред и биоритам.
Риби

Рибите ги губат важните предмети во животот. Клучевите, личните документи, некои драги ситници… навистина немаат поим каде се и каде ги оставиле или изгубиле.

Тие се едни од ретките кои може да задремат каде било, кога било, што на поголемиот дел им оди на нерви додека се клацкаат во автобусот.

No comments

Powered by Blogger.