Љубовен хороскоп за февруари 2018: Лавовите ќе привлекуваат авантури, Скорпиите ќе се двоумат меѓу повеќе личности

Вториот и најкраток месец во годината може да ви донесе мирна љубовна атмосфера или ерупција од страсти, зависи од вашиот хороскопски знак и наклонетоста на ѕвездите.

Пишува: Црнобело

Ако сакате однапред да знаете што да очекувате во следните 28 дена, внимателно читајте:

Овен

Ако сте во врска:

Нема да можете да се сложите со партнерот околу заеднички вложувања. Ќе бидете окупирани со сопствените задоволства, малку ќе заборавите на туѓите и тоа може да ви донесе краткотрајни конфликти.

Ќе делувате слободно, независно и своеволно, па тоа може да доведе до повреда на емоциите на партнерот. Дури кон средината на месецот ќе се ускладите.

Во вториот дел од месецот треба повеќе време да поминувате во интимна атмосфера со партнерот. Продлабочете ја поврзаноста. 25-ти февруари е денот кога страстите се на врвот, па тоа може да доведе до љубомора и посесивност.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекуваат авантури. Ќе забележите неколку потенцијални кандидати со кои може да се поврзете, но не премногу длабоко. Ќе флертувате со повеќе лица истовремено.

Сосема друга личност, непозната досега, ќе успее да ви го задржи вниманието. Ќе почнете тајно да се гледате со неа/него. За жал, тоа нема да трае долго.

При крајот на месецот може да ви се отвори нова шанса за врска со лице кое одамна ве привлекувало.
Бик

Ако сте во врска:

Со емотивниот партнер ќе можете да разговарате на различни теми и ќе најдете нови заеднички интереси. Тоа ќе внесе свежина во врската. Договарајте заеднички цели кои може да бидат плодни за заеднички финансии. За жал, мали несогласувања ќе имате во врска со трошењето на буџетот.

Во втората половина на месецот кавгите ќе бидат почести, бидејќи партнерот ќе се чувствува запоставен. Намалете ги излегувањата со пријателите и забавите до доцна, тоа ви создава непотребна љубомора и вознемиреност во врската. Потрудете се да не претерувате. За среќа, крајот на месецот ќе ви донесе мир.

Ако сте слободни:

Можни се паралелни врски полни со страст уште на самиот почеток од месецот. Некој кој е заљубен во вас ќе се обиде тоа да ви го каже, но вие ќе ги игнорирате емоциите, заслепени од страстите.

Во втората половина од месецот добро би било да паузирате со секс игрите. Ако сретнете лице кое ви се допаѓа, без разлика колку тешко и да ви оди освојувањето, потрудете се. Не се плашете од строги критериуми и високи очекувања, имате што да понудите.
Близнаци

Ако сте во врска:

Помеѓу вас и партнерот постојат тајни кои долго време ви ја нарушуваат емотивната поврзаност. Склоноста да задржувате многу информации во себе може да ве доведе до разделба. Неопходно е да ги коригирате вашите постапки и да покажете дека имате потреба од партнерот.

Во втората половина од месецот од голема корист ќе ви биде ако поставите цврсти темели и планови за иднината. Повеќе време поминувајте заедно, најдете заеднички активности. Потребно е да ја подобрите меѓусебната комуникација, која кон крајот на месецот ќе ви донесе хармонија после долго период.

Ако сте слободни:

Вашата желба непрестано да се забавувате може негативно да ви влијае на угледот. Дури и да и се допаѓате на некоја личност за повеќе од авантура, тоа нема да ви го каже заради лошите гласини. Ова е месец кога треба да поработите на личната слика за да привлечете љубов.

Нестабилноста во февруари може да ви уништи многу добри шанси, па затоа обидете се да се покажете во најдобро светло.
Рак

Ако сте во врска:

Потрудете се повеќе внимание да му посветите на партнерот, но да не ги заборавите семејните обврски. Избегнувајте кавги на сметка на зафатеноста на партнерот, чувството на запоставеност ви е неосновано. Потребна е само малку поголема иницијатива од ваша страна за да поминувате повеќе време заедно.

16-ти февруари ќе ви донесе стабилност, но и појачана желба за секс. Обидете се сето тоа да се реализира во рамките на врската. Испланирајте патување и дајте си шанса да ја вратите привлечноста како на почетокот. Работете на комуникацијата.

Ако сте слободни:

Ќе се заљубите во интересна личност која ќе ја запознаете преку заеднички пријател. Ќе ве привлече со интелигенцијата и комуникативноста, а не со физичкиот изглед. Ќе посакате да влезете во брза врска, но треба да бидете внимателни и да не идеализирате.

Избегнувајте врски и допишувања со зафатени лица.
Лав

Ако сте во врска:

На почетокот на февруари ќе бидете полни со разбирање, па тоа позитивно ќе влијае при размената на мислења, комуникацијата, а и на емотивното зближување. Ангажирајте се малку повеќе на заедничките цели. Не заборавајте на забавата во големи групи и со други парови.

Во втората половина од месецот уживајте во стабилноста на односот, не барајте проблеми кои реално не постојат. Бидете приврзани и понудете поддршка.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекуваат површни, слободни врски. Ќе се гледате со повеќе личности истовремено додека не се одлучите само за една, со која ќе имате најмногу теми за разговор.

Вашата симпатија нема да биде подготвена за сериозна врска, па можеби и подобро е така. Гледајте се, забавувајте се, без да го официјализирате односот. Со текот на времето работите ќе се променат. За сега е најдобро без обврски.
Девица

Ако сте во врска:

Во првата половина од февруари ѕвездите ќе ви донесат мали несогласувања со партнерот и во кругот на семејството. Неможноста да ги ускладите распоредите на обврски може да предизвикаат проблем во љубовниот однос. Најлошото што можете да го направите е да премолчите и да се повлечете. Комуницирајте.

Втората половина од месецот ќе ви донесе смирување на тензиите, но ќе биде неопходно да промените одредени секојдневни ритуали и навики. Избегнувајте сомнителни теми за разговор кои лесно може да ви го попречат реалното согледување на ситуацијата.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате малку разочарано бидејќи не можете да се поврзете со личност која долго време ви се допаѓа. Не се согласувајте на авантура доколку не е заинтересирана за ништо посериозно. Само ќе се повредите.

Во втората половина интересот ќе ви се сврти кон друга личност, но нема доволно да се трудите, па и таа шанса ќе пропадне.

Крајот на месецот може да ви донесе будење на страстите и секс авантури, но и разочарувања. Ви недостасуваат квалитетни емоции и теми за разговор пред да се впуштите во нешто понатаму.

Вага

Ако сте во врска:

Ќе бидете расположени за забава и отворање на многу теми со партнерот. Идеите за разбивање на монотонијата ви се одлични. Ќе ви се пружи шанса за заеднички викенд со партнерот и не треба да се двоумите.

После 17-ти февруари очекувајте несогласувања. Нема да може да се разберете околу важни животни прашања, а ќе откриете и тајни кои сте ги криеле еден од друг подолго време. Ќе ви биде потребно големо трпение и толеранција до крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Ако подолго време се обидувате да привлечете внимание на личност која ви се допаѓа, ова е месецот кога треба да се откажете. Не користете невина личност за да извлечете информации за лицето кон кое имате симпатии. Непотребно ќе повредите туѓи чувства.

Дозволете им на други луѓе да ви се доближат. Средината на месецот е поволен период за да присуствувате на настани со многу луѓе. Преку разговор со повозрасна личност ќе откриете што точно ве привлекува.

Скорпија

Ако сте во врска:

Овој месец неопходно е да поставите подобар баланс помеѓу времето посветено на партнерот и семејството и пријателите. Ако избегнувајте дружби, ќе се наполните со фрустрации кои ќе ги исфрлите врз партнерот.

По 11-ри февруари треба да бирате активности кои ќе ви донесат освежување во врската. Добро сте расположени, па затоа посветете се на организирање на интимни моменти во пар.

Во втората половина од месецот избегнувајте големи семејни собири за да избегнете големи конфликти.

Ако сте слободни:

Овој месец лесно ќе се заљубувате и нема да можете да се одлучите помеѓу повеќе личности. Ќе фантазирате и ќе чекате другата страна да направи прв чекор. Не ја пропуштајте шансата за возбудлива емотивна врска заради несигурност.

Кон крајот на месецот, поточно после 25-ти февруари ќе се разбудат страстите во вас, што ќе ве доведе до избрзана авантура. Важно е да ги отворите картите, бидејќи и најмалото недоразбирање може да биде катастрофално.
Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе ви донесе добри идеи и иницијативи со кои ќе ја воодушевите саканата личност, па тоа ќе ја подобри динамиката на вашата врска. Ќе се зголемат и страстите, што секако ќе ви одговара. Ќе бидете покомуникативни од вообичаено и тоа може да ви открие нови информации за партнерот.

Избегнувајте било какви тајни од саканата личност. Ако имате многу тајни, ова е месецот кога треба да бидете внимателни во однос на довербата.

Ако сте слободни:

Ќе се заљубите во лице кое ќе го запознаете преку заеднички пријатели и ќе имате добри намери. Потребно е да не ги комплицирате ситуациите непотребно, туку да ги пуштите да се одвиваат по слободен тек.

Крајот на месецот може вниманието да ви биде одвлечено од сосема нова личност која ќе ве покани на интересна авантура. Ако седите на две столчиња, може да ги изгубите и двете шанси, затоа бидете поодлучни.
Јарец

Ако сте во врска:

Вашиот однос со партнерот ќе биде напнат во првата половина на февруари. Ќе бидете заинтересирани за забава, ќе бидете склони на тајни и премолчување на важни информации од партнерот. Обидете се подобро да го организирате заедничкиот живот.

По 16-ти февруари е поволен период да го надокнадите она што сте го пропуштиле и да го исправите она што сте го згрешиле во љубовниот однос. Посветеноста и трпението се клучни до крајот на месецот. Вратете ја близината со време.

Ако сте слободни:

Преку близок пријател ќе запознаете личност со која ќе почнете да се гледате и да излегувате. Ќе започнете емотивна врска, но ќе се замеша трета личност која може да ви го украде мирот.

Проверете ги сите гласини кои ќе дојдат до вас, не ја идеализирајте саканата личност. Ќе ви треба време за да донесете правилна одлука, не избрзувајте и добро размислете.
Водолија

Ако сте во врска:

Посветете се на планирање заеднички активности. Несогласувањата кои ќе бидат пред вас на почетокот на месецот треба да ги решите со креативност, не со молчење.

17-ти февруари е денот кога вашата комуникација ќе се подобри, а тоа ќе ве мотивира за активности во пар. Доколку имате разбирање и трпение, тоа ќе го натера партнерот да сфати дека вие сте „вистинската личност“ и ќе ви понуди врската да ја однесете чекор подалеку.

Погрижете се да ги разјасните очекувањата од иднината и да се осигурате дека исто ја замислувате.

Ако сте слободни:

Личност која неодамна ја сретнавте и ви го привлече вниманието, може да се врати во вашиот живот со примамлива понуда. Ако имате заеднички интереси, дајте ѝ шанса да се покаже во најдобро светло.

Овој месец е важно да бидете во друштво на луѓе кои ви ги будат емоциите, а не површните задоволства. Доколку немате расчистено со љубови и врски од минатото, ова е добар месец конечно да го направите тоа.
Риби

Ако сте во врска:

Почетокот на февруари е добар период да направите нешто со партнерот што одамна го одложувате. Ќе имате понуда да одите на заедничко патување со која треба да внимавате. Работите може да се искомплицираат или да имате непредвидени трошоци кои ќе доведат до мали турбуленции во односот.

15-ти февруари ќе ви донесе мотивација за промени во љубовниот однос. 21-ви февруари пак, ќе ви донесе поголема желба за слобода и страст. Обидете се да не правите непромислени чекори надвор од врската.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете лице кое живее во странство и ќе ве привлече со неговите/нејзините поинакви размислувања. Проблемот ќе настане кога нема да може да се договорите што ќе правите по неговото/нејзиното враќање.

Затоа, овој месец штедете си ги емоциите. Прифатете дека нема да има ништо повеќе од убави авантури. Шансите за трајни и стабилни врски овој месец се мали.

No comments

Powered by Blogger.