Мистериозна личност: Моќен детаљ кој сигурно го пропуштивте на новата насловна страница на “Time”

Пишува: Точка

Списанието “Time” вчера откри која е неговата личност на годината за 2017 година.

И додека целиот свет гледаше во новата, импресивна насловна страница, веројатно повеќето луѓе испуштија еден многу важен детаљ.



На насловната страница се појавија пет проминентни жени: Ешли Џад, Тејлор Свифт, Сузан Фаулер, Адама Иву и Исабел Паскал, чие име е сменето поради заштита на идентитетот.

Но, доколку погледнете подобро, ќе забележите рака на анонимна личност во десниот агол од фотографијата.



Во едно интервју, уредникот на “Time” – Едвард Фелсентал истакнал дека оваа личност ги симболизира сите оние жени и мажи кои допрва треба да истапат по ова прашање, но се плашат поради стравот од репресија.

“Личноста која делумно ја гледате на насловната страница е болничарка со која разговаравме, но таа чувствува дека не може да зборува за она што ѝ се случило без да го загрози својот живот”, изјавил тој.

Анонимната симболика се однесува на сите гласови кои се вклучени во движењето, а не само на истакнатите дами чии приказни се веќе споделени. Жените во речиси секоја професија говорат за вознемирувањето, а илјадници луѓе го искористиле хаштагот #MeToo кога ги споделиле своите искуства на социјалните мрежи. Тој лакт ги претставува секој од нив.







Дописничката за “Time”, Шарлот Атлер во интервју за “BuzzFeed” изјавила дека лактот е намерно вклучен во приказната. Таа истакнала дека оваа година, со овие приказни била елиминирана голема стигма, најмногу преку движењето “Me Too”, но дека на луѓето сè уште им е тешко да ги раскажат своите искуства.






Eшли Џад, 49, актерка

Џад изјавила дека била сексуално злоставувана од страна на Харви Вајнштајн кога имала 29 години.

“Треба да ја формализираме “мрежата на шепот”. Генијален е начинот на кој се обидуваме да се заштитиме, но нашите гласови треба да се засилат. Ако нешто го чувствувам како погрешно, тоа е погрешно – и е погрешно според мојата дефиниција, а не туѓата”.



Сузан Фаулер, 26, поранешен инженер на “Uber”

Фаулер напишала блог за вознемирувањето кое го искусила како инженер на “Uber” од страна на извршниот директор Тревис Каланик.

“Кога истапив во јавноста, морав да се осигурам дека секој доказ што ќе го вклучам ќе биде физички моќен, за да го избегнам сето негирање и обвиненија дека ги измислувам настаните. Токму тоа и го направив”.



Тејлор Свифт, 27, пејачка

Мегаѕвездата Тејлор Свифт го тужела диџејот Дејвид Мурел за сексуална злоупотреба, кој во текот на фотографирањето на една свеченост, ја зграпчил за задникот. Таа од целата правна битка излегла побогата за еден милион долари.

“Во тој момент, одлучив да се откажам од формалности во судницата и едноставно да одговорам на начинот на којшто се случи тоа. Овој човек не размислуваше за формалности кога го направи тоа, зошто јас да бидам љубезна?”.



Адама Иву, 40, лобист

Иву организирала отворено писмо кое го потпишале 147 жени, жртви на сексуално злоставување во Калифорнија.

“Една млада девојка ми раскажа за човекот кој сексуално ме вознемируваше пред неколку години. Затоа и се одлучив да истапиме како група. Тешко е да обвините 147 жени за лажење. Не може сите да сме луди. Не може сите да сме к*рви”.



Исабел Паскал, 42, берачка на јагоди

“Не ми е важно ако ме критикуваат. Јас можам да поддржувам други луѓе кои поминуваат низ истото”.



Анонимна, 22, поранешна асистентка

“Сакав да останам анонимна бидејќи живеам во мала заедница. Тука сите мислат дека сме лажговци и дека постојано се жалиме”.

No comments

Powered by Blogger.