Samsung тајно го прикажа новиот свитлив Galaxy X

Samsung на своите партнери им овозможи увид во изгледот и карактеристиките на идниот паметен телефон – Galaxy X, кој наводно е речиси завршен.

Пишува: Точка

За паметните телефони со екран што се витка многу се пишуваше во изминатата година. На еден таков модел работи и Samsung, кој според некои извори, го претставил својот модел на заинтересираните партнери зад затворени врати, во текот на саемот “CES 2018” во Лас Вегас.

 

Изворот наведува дека Samsung е речиси готов со работа на хардверот на телефонот. Прикажаниот Galaxy X има голем екран со дијагонала од 7,3 инчи.


Се наведува дека Samsung на саемот “CES” донел два различни модели: еден со дисплеј што се витка навнатре и друг што се свиткува странично, пренесува порталот “Bug”.

Се претпоставува дека Samsung на крај ќе се одлучи само за еден модел, најверојатно за оној со дисплеј што се витка навнатре.

Што се однесува до производството, изворот наведува дека тоа ќе започне по ноември 2018 година.

No comments

Powered by Blogger.