Почина осуденикот кој испи отров: Праљак умре во болница во Хаг

Пишува: Точка

Хрватскиот осуденик за воени злосторства пред Хашкиот суд, Слободан Праљак, почина денес во болница во Хаг, откако за време на изрекувањето на пресудата пред Трибуналот испи отров во судницата, јавуваат хрватските медиуми.

Потсетуваме, откако пензионираниот полковник на хрватската војска Слободан Праљак, по изрекувањето на пресудата, испил нешто за што тој и неговиот адвокат тврделе дека е отров, настанала општа паника и хаос во судницата на Хашкиот трибунал.

Праљак со возило на Итна помош бил префрлен во болница, каде лекарите се бореле за неговиот живот.

Тој бил изведен на споредниот излез од зградата со засилена полициска придружба. И натаму не се знае како го внесол отровот во судницата, ниту што всушност испил.
Според тврдењата на бројните новински извештаи, главниот лекар во притворската единица во Шевенинген бил виден како итно ја напушта зградата.


Потсетуваме, судијата веднаш наредил седницата да се прекине и никој да не ја изнесува чашата од која Праљак пиел.


Новинарите од самото место јавиле и дека веднаш пристигнала екипа за реанимација.


Во моментот кога Праљак ја земал чашата која му стоела на масата, некој од галеријата гласно викнал - Нееее.



Од извори блиски на судот и од очевидци во судницата протекле информации дека станува збор за течност со засега непознат состав.

No comments

Powered by Blogger.