Богатите деца од Зимбабве: Мугабе им дал сè, тие го трошеле богатството на златни пиштоли, Бетмобили и капење во шампањ

Пишува: Точка

Облека од крокодилска кожа вредна 14.000 долари, Бетмобил и позлатен млазен авион, се само дел од колекцијата "работи" со кои се фалеле богатите деца од Зимбабве.

Во земјата која има БДП помал од тој на Авганистан, тие се и повеќе од подготвени своето богатство да го покажат на социјалните мрежи.

Меѓу нив се и синовите на поранешниот претседател Роберт Мугабе, но и деца на тајкуни и могули, дури и локалната верзија на Кардашиан - семејството Чиронга.
 
На нив им се приклучиле и млади проповедници, кои од црковните автомобили се фалат со банкноти од 100 долари.

Најстариот син на Мугабе, Роберт Џуниор, во септември купил два "Ролс Ројса", студирал во Дубаи и се фалел со својот Бетмобил. Помладиот брат Чатунга е редовен гостин во новинските страни кои се занимаваат со неговото расфрлање. Пред неколку седмици покажал како го полива својот "Ролекс" во шампањ.

Сестрите Чиронга се ќерки на политичарот Филип Чијангва, чие богатство се проценува на 280 милиони долари. Постарата се вози во "Ленд Ровер" вреден 100.00 долари, а младата потрошила 65.000 долари на својата свадба.

Сидни Хумбара Сениор на својот син му обезбедил многу работи, вклучувајќи и одело од 14.000 долари и златен пиштол.

Најмладиот богаташ во Зимбабве, Френк Бузанга, има "Ролс Ројс" од 320.000 долари. На едно прашање од новинар, за тоа колку автомобили поседува, тој одговорил: "како може да го знам тоа".

No comments

Powered by Blogger.