"Call Me By Your Name", филмот кој може да доминира на Оскарите 2018

Пишува: Точка

Иако сите очекуваат филмот на Спилберг, "The Post" да добие најмногу номинации за Оскар, па и Мерил Стрип повторно да биде крунисана за Најдобра глумица, запомнете го овој филм за кој многумина предвидуваат дека ќе ја добие најглавната награда на вечерта.

Филмот "Call Me By Your Name" доаѓа од независна продукција и доби шест водечки номинации за најпознатите награди кои се доделуваат за ваков вид на продукција-Independent Spirit Awards, настан кој се случува само ден пред доделувањето на Оскарите.

Доколку ги земеме во предвид досегашните добитници кои доаѓаат од независни продукциски куќи, како што е Moonlight, Spotlight, Birdman и 12 Years A Slave, кои прво победиле на Independent Spirit Awards, а потоа на Оскарите, филмот "Call Me By Your Name" оваа година ќе предизвика сензација на доделувањето на најпрестижните филмски награди.

Филмот е всушност екранизација на истоименото дело на Андре Асиман од 2007 година.

Погледнете го трејлерот.

No comments

Powered by Blogger.