Ана Јовковска за #СегаКажувам: "Шефот ме нападна на работното место, другиот ден дадов отказ"



#СегаКажувам (#TaniTregoj) зборува за вистината која со години се премолчува во Македонија. Оваа акција против сексуалното насилство е поттикната од кампањата #MeToo која започна по бројните скандали кои го потресоа Холивуд.

На социјалните мрежи се појавија многу приказни од страна на жени и девојки кои поминале низ вакво трауматично искуство, а помеѓу таквите жртви се најдоа и многу познати јавни лица. Една од нив е и водителката Ана Јовковска, која преку својата приказна ја поддржа оваа кампања.

Пишува: Точка



“Имав 25 години. Работев во телевизија. На состанок во канцеларија (јас и "шефот") додека го презентирав новиот ТВ проект "шефот" ми се доближи толку блиску што ми влезе во интимниот простор на мојата аура. Ме залепи за врата. Мојот отпор беше само еден збор -"недолично". Проба да се извади со "фраерски" комплименти и хумор, но веднаш го напуштив состанокот. Не ме уплаши, но ме згрози. Класично микронасилство од позиција на моќ. Другиот ден дадов отказ и не се појавив веќе на работа. Им кажав веднаш на двајца колеги, но тие рекоа дека тоа е вообичаено однесување за него. Им кажав на пријателите, но тие ме посоветуваа да не ја раскажувам секаде случката оти сум јавна личност. Не ги послушав. Им кажав и на моите. Ме поддржаа во одлуката да си заминам од работа. Останав да се прашувам што прават колешките и жените што не можат така лесно и безкомпромисно да донесат одлука да ја напуштат работата. #СегаКажувам”, напиша Јовковска на својот Фејсбук профил.

No comments

Powered by Blogger.